ВМРО-ДПМНЕ: Цените на производите го изедоа стандардот, а тоа за власта на СДСМ и ДУИ е незначително

Од:

„Додека власта на Заев се занимава со театри, животниот стандард на граѓаните тоне. Цените на производите во продавниците поскапуваат, а власта на СДСМ и ДУИ тврди дека нема значително поскапување. Тоа е резултатот од оваа однародена власт. За нив поскапувањето е незначително, а во реалноста цените на мало пораснале за 6,2 проценти во споредба со ноември минатата година“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта требаше да презема мерки уште кога почна да се отвора инфлаторната спирала, а секое задоцнување на мерките граѓаните ќе го чувствуваат по својот џеб.

Поскапен е лебот, житото, млекото и млечните производи, месото, маслото, овошјето, зеленчукот, кондиторските производи, буквално се што е потребно за животот на едно просечно семејство. Во продавница веќе 1000 денари не стасуваат основните дневни намирници да се испазарат за едно семејство.

Над 600 илјади лица живеат во сиромаштија, а таа бројка за жал ќе се зголемува поради неспособноста и неодговорноста на власта на СДСМ и ДУИ. Тие се посветени на криминалот и корупцијата кои одат рака под рака со осиромашувањето на граѓаните. Македонија е земјата која најтешко ја чувствува секоја криза, затоа што мафијата на власт наместо интересот на народот, се води од мотивот за лично богатење.

Заев и Заевизмот се изворот на кризите во Македонија. Економската криза, сиромаштијата и стравичната инфлација се резултат на нив и тие не може да бидат решение за оваа криза. Решението се брзи предвремени парламентарни избори и конечно заминување на Заев и заевизмот“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски