ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на изјавата на вицепремиерот Кочо Анѓушев.
„Наместо протоколарни средби, Анѓушев веднаш да се откаже од криминалниот милионски тендер на ЕЛЕМ.
За само три месеци успеа СДС да реализира криминални тендери кој изнесуваат милиони.
Ова значи дека Анѓушев од џебот на државата со парите на сите граѓани си става во својот приватен џеб и се богати. Тоа значи дека Анѓушев со овој криминален тендер си го зголеми богатството на 30.6 милиони евра. Треба веднаш да се поништи тендерот на ЕЛЕМ и Анѓушев да си замине од позицијата вице премиер“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.