Власта одби помош за набавка на гас од 850 евра, а набавува по цена од 1560 евра обвинува ВМРО-ДПМЕ

Од:

Во земјава се плаќа гас по цени и до 1950 евра за 1000 нормални метри кубни, а просечната цена по која е набавуван од почетокот на грејната сезона е 1560 евра, рече на прес конференција Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа тврди дека ВМРО-ДПМНЕ понудило позиции и контакти кои се во можност да обезбедат гас за Македонија по поволни услови за државата.

„Ова е документ од компанијата трговец со енергенси, регистрирана во Швајцарија даден до ЕСМ продажба, од кој се гледа цената на и количината која била понудена. Цената за 1000 нормални метри кубни гас која е понудена до ЕСМ е 850 евра. Оваа цена е фиксна и важела за период од ноември до крајот на април, за испорака на над 200 милиони кубни метри гас. Цената понудена од контактот даден од ВМРО-ДПМНЕ е за неколку стотина евра пониска од берзанската. Истата овозможува сигурност и предвидливост и за државата и за економијата и би не штитела од евентуални потреси на пазарот на енергенси во зимскиот период кога цените поучени од минатата година може да одат и над 3.000 евра за 1000 нормални метри кубни гас. Наместо да ја прифати можноста да се набави гас поефтин од берзанските цени за неколку стотина евра, владата продолжи да купува скап гас заради лични бизнис интереси“, рече Кочоска.

Според неа, партијата на власт не ја прифатила помошта од ВМРО-ДПМНЕ заради инает и политичка незрелост, стравувајќи дека целосно ќе излезе на површина нивната неспособност. На еден или друг начин, додава Кочоска, нивната неспособност излезе на површина, само граѓаните на Македонија се тие кои страдаат и од чии пари се плаќа скапиот гас, скоро двојно поскап од тој што можеше да се купи доколку СДС и Ковачевски ја тргнеа на страна својата суета.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски