Владата усвои информација за изработка на физибилити студија за Специјална економска зона за трговија и стоки

Од:

Владата на деншната 118-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за иницијатива за изработка Физибилити студија за оправданост од воспоставување на специјална економска зона за трговија и стоки (Trade and Commodities Special Economic Zone – TACSEZ) во земјава.

Од Владата објаснуваат дека таа доаѓа како резултат на позитивните трендови во Технолошко-индустриските зони (ТИРЗ) кои налагаат дополнителна поддршка на инвеститорите во воспоставување на специјални економски зони за трговија и стоки кои во голем број земји во Европа се покажале како добар модел во насока на зголемување на инвестициите и нивна одржливост.

– За Република Северна Македонија, како првична предност за воспоставување на трговски зони е геостратешката положба на земјата и близината на пристаништата Солун и Драч, како и нагласениот интерес на реномирани странски компании да инвестираат во ваков тип специјални економски зони, велат од Владата.

Оттаму додаваат дека изработката на физибилити студијата за Специјална економска зона за трговија и стоки нема да повлече финансиски средства од Буџетот на државата бидејќи за нејзина изработка веќе има пројавено интерес од страна на Приватниот инвестициски фонд „North Macedonia Economic Development Fund“ од Скопје.

Би можело да ве интересира

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Тошковски за поништувањето на неговите наредби: Во влада се тотално неинформирани, како не им е срам

Орце Костов

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов