Владата со одлуки за олеснувања на лизингот и потрошувачките кредити за време на вонредната состојба

Од:

На последната седница, Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити за време на вонредна состојба, според која во периодот на пандемијата се воведува ограничување на висината на трошоците кои не се вклучени во пресметката на годишната стапка на вкупни трошоци, како што е казнена камата, опомени и други трошоци поврзани со нередовно плаќање на обврските и истите не смеат да надминат 30% од износот на одобрениот кредит.

Се предвидува и глоба во износ од 3.000 евра во денарска противвредност за кредиторите кои нема да ја почитуваат уредбата со законска сила.

Освен тоа, Владата донела Уредба со законска сила за примена на Законот за лизинг за време на вонредна состојба.

Согласно оваа Уредба, во период од 1 април до 30 јуни 2020 година физичките лица ќе плаќаат најмногу до 30% од обврските по договорите за финансиски лизинг склучени заклучно со 31 март, при што рокот на плаќање на месечните ануитети, односно периодот на отплата се продолжува за најмалку 90 дена. Давателите на финансиски лизинг во периодот април – јуни нема да пресметуваат и наплатуваат било какви трошоци (камати, провизии). Обврските по основ на помалку платени ануитети во периодот од 1 април 2020 година до 30 јуни 2020 година рамномерно ќе се распоредат во месечните ануитети кои ќе доспеат по 30 јуни 2020 година. Во периодот од 1 април до 30 јуни 2020 година давателите на финансиски лизинг можат да ги менуваат и другите услови само заради олеснување на условите, а на корисниците кои во тој периодот редовно ќе ги отплаќаат обврските, давателите на финансиски лизинг можат да им дадат други поволности во однос на отплатата на обврските.

Во Уредбата се уредува начинот на олеснување на условите под кои се склучени договорите за финансиски лизинг со правните лица.

Министерството за финансии може да ја одземе дозволата за основање и работа доколку давателите на финансиски лизинг не постапуваат согласно оваа уредба со законска сила.

Исто така беше донесена и Уредба за примена на Законот за финансиските друштва за време на вонредна состојба, која предвидува во периодот од 1 април до 30 јуни 2020 година физичките лица кои се корисници на кредити по договорите за кредит кои се склучени заклучно со 31 март 2020 година да ги плаќаат обврските на месечен ануитет намален за најмалку 70% од редовниот месечен ануитет, а финансиските друштва не смеат да пресметуваат и наплатуваат надоместоци, трошоци, провизии и/или казнени камати.

Би можело да ве интересира

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он