Владата одобри Меморандум за соработка за изградба на автопатски делници од Коридорите 8 и 10

Од:

Владата денеска на 59-та седница го одобри текстот на Меморандумот за разбирање помеѓу со компанијата „Бехтел и Енка“ за соработка за проектна подготовка и изградба на автопатските делници Тетово-Гостивар-Букојчани и Требеништа-Струга-Ќафасан од Коридорот 8, како и изградба на автопатската делница Прилеп-Битола од Коридорот 10.

Владата, како што соопшти владината прес-служба, донесе и Одлука за давање на согласност за давање под долготраен закуп на градежно земјиште сопственост на државата на Друштво за изградба и управување со енергетски централи „СПХ – МБ“ ДООЕЛ Скопје, која како странска инвестиција на територијата на Општина Македонски Брод ќе гради енергетски централи за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија – фотоволтаици, со инсталирана моќност од 10 мегавати.

– На предлог на Канцеларија на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница е донесена одлука за формирање на координативно тело за поддршка и одржлив развој на преспанскиот регион, кое во соработка со Делегацијата на Европската комисија во Скопје, како и со другите државни институции и локалната самоуправа на Ресен ќе работи на осмислување и навремена реализација на проектите кои се планирани во регионот на Преспа, се додава во соопштението од владината седница.

На денешната седница Влада донесе одлука за основање на Културно-информативен центар на Република Северна Македонија во Загреб.

– Основањето на Културно–информативен центар на Република Северна Македонија во Загреб, Република Хрватска, ќе придонесе за ефективна промоција и афирмација на традицијата, културата и уметноста на Република Северна Македонија во оваа држава преку долгорочно изградена стратегија за презентација на Министерството за култура, информира владината Прес-служба.

Би можело да ве интересира

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Тошковски за поништувањето на неговите наредби: Во влада се тотално неинформирани, како не им е срам

Орце Костов

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов