Владата одобри финансиска поддршка за инвестиции на 49 компании за 53,4 милиони евра

Од:

Владата денеска на седница одобри финансиска поддршка за инвестиции на 49 компании во вкупна вредност од 53,4 милиони евра.

Како што соопшти владината прес-служба, Владата денеска на продолжението на 12-тата редовна седница го разгледала извештајот на Агенцијата за странски инвестиции, дополнет со мислењето на Комисијата за евалуација за исполнетост на условите, за пристигнатите барања за склучување Договор за доделување финансиска поддршка на инвестициите пристигнати преку Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Од извештајот на Агенцијата, потврдено со мислењето на Комисијата, на повикот за финансиска поддршка на инвестициите, согласно Планот за економски развој и Законот за финансиска поддршка на инвестициите за 2020 година аплицирале 54 компании за нови договори и 11 компании за измена или дополнување на договорот, односно за анекси на претходно потпишани договори.

Од 54-те барања за финансиска поддршка на инвестициите,како што наведуваат од Владата, за нови договори, одобрени се апликациите на 39 компании, а од пристигнатите 11 барања за анекси, одобрени се 10 апликации на компании за поддршка на нивните инвестиции во тековната година, согласно условите и критериумите утврдени во Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Максималниот годишен износ на финансиската поддршка по овој основ е од 10 до 20 отсто, од реализираната инвестиција, но не повеќе од 1.000.000 евра.

Вкупниот износ одобрена поддршка за инвестициите за компаниите од двата пакета изнесува 53,4 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Владата го утврди текстот на Предлог-законот за Агенцијата за разузнавање

Владата ќе бира партнер за изградба на гасоводната мрежа меѓу две турски компании

Жарко Настоски

Мухамед Зеќири e нов генерален секретар на Владата

Катерина Павлова-Николовска

Министерот за правда Маричиќ ќе ја претстaвува Владата на неделните координативни средби во Собранието

Жарко Настоски

Владата прогласи кризна состојба во земјата, армијата се вклучува во справувањето со Ковид-19

Жарко Настоски

Владата ја почна постапката за прогласување кризна состојба во целата држава

Жарко Настоски