Владата обезбеди дополнителни количини електрична и топлинска енергија од АД ТЕ-ТО Скопје

Од:

На денешната 133-та седница, Владата донесе Одлука за преземање на мерка за обезбедување на дополнителни количини на електрична енергија во услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија.

Со оваа одлука се предвидува дополнителните количини на електрична енергија да се обезбедат од домашно производство, односно од Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје, кое ќе работи седум дена во неделата во периодот од 05:00 часот наутро до 01:00 часот по полноќ со полна моќност, односно ќе го исполнува максимално инсталираниот капацитет од 227 мегавати.

Оваа дополнително произведена количина електрична енергија ќе ја откупува АД „Електрани на Северна Македонија” Скопје со сопствени средства.

Одлуката стапува во сила денеска и ќе важи до 31.01.2022 година.

Со преземањето на дополнителните количини електрична енергија ќе се обезбеди производство и на топлинска енергија за регулираниот дистрибутер на топлинска енергија со што ќе се овозможи континуирано, квалитетно и економски исплатливо снабдување со парно греење на потрошувачите во Град Скопје и, во исто време, при постоење на кризна состојба во снабдување со електрична енергија, ќе се овозможи да се заштедат природните ресурси кои АД ЕСМ ги користи за производство на електрична енергија.

Би можело да ве интересира

Продолжува меѓувладината седница помеѓу Македонија и Бугарија

А1он

Ковачевски и делегацијата на Владата пречекани со највисоки државни почести во Софија

А1он

Вонредна седница на косовското Собрание поради најавеното поскапување на струјата

А1он

ЕСМ го презема управувањето и со топланата Скопје Север

А1он

Комората ќе ја повлече иницијативата пред Уставниот суд, ќе се најдат решенија за предизвиците околу недела неработен ден

А1он

Формирани се работните групи за продлабочување на соработката со Бугарија

А1он