Владата ќе го поддржи бизнис секторот преку Фонд за иновации

Од:

Владата од идната година ќе основа Фонд за иновации и технолошки развој, информира денеска на прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

– Со овој Фонд се прави силен пробив на полето на подршка на компаниите и иновации. Преку него се обезбедуваат директни средства за подршка на бизнис плановите. Затоа Владата уште отсега ги повикува компаниите, но и заинтересираните лица, студенти, научници да почнат со подготовка на проекти и планови за развој на бизнисите. Фондот ќе овозможува многу опции и инструменти, и тој ќе биде од голема корист за економскиот развој, нагласи Ѓорѓиев.

Целта на Фондот, според него, ќе биде поттикнување и финансирање на иновациите и поддршка на бизнис секторот, а ќе се развива во две фази.

Во првата фаза, односно во 2013 година целосното негово финасирање ќе го обезеди државата. Во втората фаза од почетокот на 2014 година покрај владиното финансирање ќе обезбедува средства и од странски извори, пред се ИПА програмата за индустриска политика каде се предвидени средства за финансирање на трансфер на технологии и иновации и средства од Светската банка која почнува нов проект за подобрување на вештини, преку кој може да се обезбедат средства за фондот и за градење капацитети, истакна Ѓорѓиев.

Фондот, додаде тој, ќе обезбедува техничка помош и консултанстски услуги за новоосновани и постоечки претпријатија за зголемување на инвестициите во иновациите, финансирање и кофинансирање на истражувачи и иновациски проекти на претпријатијата, комерцијализација на знаењето и науката преку формирање универзитетски спин оф компании основани од страна на студенти, научни работници и претприемачи-инвеститори.

– Додека се финасира единствено од државата, предвидено е Фондот да доделува грантови за start-up и иновации до 10.000 евра, грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации до 30.000 евра, еквити и мезанин инвестиции до 80.000 евра и средства за техничка помош. По приклучувањето на средствата од Светска Банка и ИПА Индустриска политика, ќе се зголемат расположливите износи на постоечките инструменти, а ќе бидат воведени и нови грантови за старт-уп и иновации до 20.000 евра, грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации до 50.000 евра, еквити и мезанин инвестиции до 150.000 евра, поддршка на спин-оф компании до 30.000 евра, грантови за трансфер на технологии до 50.000 евра и средства за техничка помош, појасни портпаролот на Владата.

Toj нагласи дека Фондот ќе врши работи на поврзување на домашните компании и субекти, како и стручна и експертска помош, и логистичка поддршка, за апликации и конкурирање за добивање средства на регионалниот проект на Европската комисија „Платформа за развој на претпријатија и иновации“, чиј финансиски фонд ќе изнесува 140 милиони евра.

Во декември треба да биде изготвен Предлог-закон за иновации со кој ќе биде регулирано формирањето, управувањето и функционирањето на Фондот.

За управувањето на Фондот, Ѓорѓиев информира дека Владата треба да одлучи меѓу два концепти.

– Постои можност преку јавен повик да се избере фирма – друштво за управување со фондови, која ќе управува со оперативните активности, изготвување на документите, изработка на формулари, прашалници и останата потребна документација, ќе бара компании, ќе врши анализи и ќе припрема предлог-проекти за финансирање, меѓутоа нема да ја има одлучувачката улога. За одлучување би бил формиран Комитет за одобрување на инвестиции кој би ги разгледувал предложените предлог-проекти и да одлучува за пласманот на средствата и надзорен одбор, кој ќе биде составен од претставници назначени од Владата на Република Македонија, со задача да го следи работењето на фондот во насока на спроведува Стратегијата за иновации. Со вториот концепт, државата сама ќе ги постави органите на управување, Управен одбор задолжен за оперативните активности и Надзорен одбор, со улога на супервизор на работата на Управниот одбор, рече Ѓорѓиев.

Изборот меѓу двата концепта, додаде, ќе биде направен во соработка со меѓународни експерти од оваа област, пред се израелски експерти, кои ќе бидат ангажирани за потребите на Комитетот за претприемништво и иновации.

Би можело да ве интересира

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата