Владата го утврди дополнетиот Предлог-буџет за 2022 година, се враќа на усвојување во Собранието

Од:

Владата на денешната седница ги утврди дополнувањата на Предлог-буџет на Република Северна Македонија за 2022 година, кои произлегоа од амандманската расправа во комисиите во Собранието.

Со овие измени, дополнетиот Предлог-буџет за 2022 се враќа на усвојување на пленарна седница на Собранието.

Како што соопштија од владиониот Сектор за односи со јавноста, утврдено е дека од вкупниот број амандмани, прифатени се 23 во вкупен износ од околу 382 милиони денари.

– Дополнително, на денешната седница на предлог на Министерството за финансии Владата на Република Северна Македонија да ги усвои и следните измени како дополнување на Буџетот за идната година: Зголемување на средствата во Министерството за информатичко општество и администрација во износ од 250 милиони денари за реализација на програмските активности на Македонската радио телевизија; зголемување на средствата во Уставен суд на Република Северна Македонија во износ од 1 милион денари за избор на нови уставни судии; зголемување на средствата во Финансиска полиција во износ од 1 милион денари за преземени обврски за набавка на возило, како и некои други, се наведува во соопштението.

Владата денеска го утврди и текстот на Предлог-одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите, со заклучок таа да биде доставена на усвојување на Собранието на Република Северна Македонија.

Целта на предложената Одлука, стои во соопштението, е обезбедување средства за справување со енергетската криза, финансиска поддршка на јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост погодени од кризата (ЈП „Македонски шуми“, АД „Водостопанство“, АД „Еурокомпозит“, АД „Македонски шуми“, АД „Македонска пошта“), набавка на COVID вакцини, подмирување на обврски за заштита на населението од HIV, набавка на метадон и бупренорфин за лица со болести на зависности, обврски кон ЈЗУ задолжени за лекување на лица со болести на зависности, побарувања по основ на партиципација за осигурени лица, набавка на лекови за ретки болести, обврски кон ФЗОМ за целосно здравствено осигурување, плаќање на обврски согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Програмата за рибарство и аквакултура, плаќање на времени ситуации за Брана „Конско“, Брана „Речани“ и ХС „Равен Речица“, ХС „Злетовица“, средства за затворање на проектот Јужновардарска долина, експропријација за Брана „Речани“ и ХС „Равен Речица“, компензирање на трошоците при давање на услугата од јавен интерес во железничкиот превоз на патници, реализација на проектот Ф/П за домување на социјално ранливи групи, обезбедување на средства за подмирување на платено политичко рекламирање за Локалните избори 2021 година, дообезбедување на средства за стипендии и студентски домови, дообезбедување на средства за финансиска поддршка на инвестиции (домашни компании), дообезбедување на средства за уредување на ТИР зоните и исплата на државна помош, дообезбедување на средства за набавка на меркантилна пченица за стоковите резерви, како и дообезбедување на средства за подмирување на тековните приоритетни обврски на одредени буџетски корисници.

Би можело да ве интересира

Донесен Буџетот за 2022, приоритет забрзување на економскиот раст и заштитата на јавното здравје

А1он

Последен ден од расправата за Предлог-буџетот за 2022 година во Собранието

А1он

Завршува расправата за Предлог-буџетот за 2022

Ана Ололовска

Претпоследен ден од собраниската расправа за Предлог-буџетот за 2022

Ана Ололовска

Собранието четврти ден ќе расправа за Предлог-буџетот за 2022 година

Пратениците трет ден расправаа за Предлог-буџетот за 2022 година, продолжуваат утре на пладне

А1он