Владата го усвои полугодишниот Извештај за извршување на Буџетот

Од:

Владата денеска го разгледа и усвои Извештајот за извршувањето на Буџетот на Република Северна Македонија во периодот јануари – јуни 2020 година. Вкупните буџетски приходи во тој период се реализирани во износ од 87.437 милиони денари, што претставува 44,4 отсто од планираниот износ за 2020 година, а вкупните расходи се реализирани во износ од 113.387 милиони денари, или 46,7 проценти од годишниот план.

Како што информираат од владината прес-служба, во полугодишниот извештај за извршување на Буџетот кој е реализиран во услови на пандемијата од КОВИД-19 и во вонредна состојба, во резимето се констатира дека бруто-домашниот производ во првиот квартал од 2020 година забележа годишен раст од 0,2 отсто на реална основа, при позитивен придонес врз растот на домашната побарувачка и негативен придонес на нето-извозот, во услови на пад и на извозот и на увозот.

Согласно извештајот бројот на вработени во првиот квартал во 2020 година е повисок за 2,7 отсто во однос на истиот квартал во 2019 година, а бројот на невработени се намали за 8,6 отсто, што резултираше со намалување на стапката на невработеност на 16,2 отсто.

Во резимето на Извештајот за извршувањето на Буџетот на Република Северна Македонија во периодот јануари – јуни годинава е регистрирано дека стапката на инфлација во првото полугодие од 2020. изнесува 0,5 отсто, што е главно резултат на зголемените цени на храната за 1,7 отсто при намалување на цените на енергенсите.

Според извештајот, во периодот јануари-јуни годинава остварен е дефицит на Буџетот на Република Северна Македонија од 25.950 милиони денари, што претставува 3,8 проценти од проектираниот БДП за годинава, државниот долг на крајот на првиот квартал изнесува 41,8 отсто од БДП, додека јавниот долг претставува 50,7 отсто од БДП.

Би можело да ве интересира

Владата соопшти кои училишта добиле согласност за изведување настава со физичко присуство

А1он

Септемвриските пензии ќе се исплаќаат предвреме, почнувајќи од понеделник

А1он

Владата ги усвои мерките за откуп на грозјето

А1он

165 основни и само четири средни училишта добија согласност за настава со физичко присуство

А1он

Заев-Закоњшек: Вложуваме во квалитетен, ефикасен и економичен транспортен систем интегриран во регионот и ЕУ

Ана Ололовска

Прекината седницата за избор на заменици министри, продолжението дополнително ќе биде закажано

Ана Ололовска