Владата донесе одлуки за примена на намалената акциза и ДДВ-то за енергенсите и за основните производи за исхрана

Од:

Владата информира дека на својата 27 седница, врз основа на прифатените измени и дополнувања во Законот за акцизи во Собранието, донела Одлука за определување на видот на енергенсите, временскиот период како и начинот на пресметка на акцизата.

„Со оваа одлука се овозможува да се пресметува дополнително намалување на акцизата кај безоловниот бензин, гасното масло како погонско гориво и гасното масло како гориво за греење во зависност од движењето, односно од висината на зголемувањето на цената на овие енергенти на светските берзи.

На оваа седница е донесена и Одлуката за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена даночна стапка откако Собранието, на предлог на Владата, ги усвои измените и дополнувањата на Законот на данокот на додадена вредност“, соопштува Владата.

„Оваа одлука овозможува да се примени повластена даночна стапка која изнесува 10%, врз прометот и увозот на енергенти, за определен временски период во определени услови.

Со оваа одлука се продолжува примената на повластена даночна стапка од 5% на електричната енергија за домаќинства до 31 декември 2022 годинa.

Овие одлуки стапуваат на сила со денот на објавувањето во „Службен весник“.

Владата донесе и Одлука за определување на видот на добрата и временскиот период на ослободување од плаќањето на данокот на додадена вредност во земјата со право на одбивка на претходниот данок.

Со оваа одлука опфатени се лебот, брашното од тип 400, шеќерот, сончогледовото масло, кравјото млеко со маснотии од 2%, 3,2% и 3,5%, месото, оризот и јајцата“, се наведува во соопштението на Владата.

Би можело да ве интересира

Новиот пакет антикризни мерки ќе биде објавен идната недела

Парите од солидарниот данок одат кај сиромашните, но ќе се вратат ако законот падне на Уставен

Орце Костов

Владата усвои антикризни мерки за намалување на трошоците во јавниот сектор

А1он

Влада: Антикризните мерки веднаш дадоа резултати – од денеска пониски цени на горивата

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бесими: Пониски цени на храната и горивата за заштитен стандард на граѓаните – намалени ДДВ и акцизата

Ана Ололовска

Бектеши: Има доволно количини на храна, цените на основните прехранбени производи и горивата ќе се намалат

Ана Ололовска