Влада: Се воведува нов механизам за поддршка и развој на микро, мали и средни претпријатија

Од:

Владата денеска ја разгледа и усвои информацијата со Правилник за инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од КОВИД-19, со кој се воведува нов механизам за поддршка и развој на микро, мали и средни претпријатија во Република Северна Македонија.

Поддршката ќе се реализира преку Јавен конкурс со траење 15 до 30 дена, наменет за микро, мали и средни претпријатија, а финансиската поддршка е структурирана според големината на претпријатието, и тоа: до 0,75 милиони денари за микро, 1,5 милиони за мало и не повеќе од три милиони денари за средно претпријатие, со обезбедено сопствено учество што не може да биде помало од 30% од вкупниот буџет на проектот.

За Правилникот обезбедена е согласност од Светската банка, како финансиски партнер во реализација во рамки на Проектот за развој на вештини и поддршка на иновации.

Владата на Република Северна Mакедонија ја разгледа и ја усвои Информација за зголемување на фискалната транспарентност поврзана со кризата КОВИД-19, која произлезе од зголемениот број на интервентни и итни јавни набавки, воспоставување на фондови за донации од правни и физички лица од земјата и од странство и користење на средства од меѓународни извори за справување со последиците од кризата КОВИД-19. Целта е јавноста да биде информирана за приходната и расходната страна на средствата кои се слеваат во Буџетот на РСМ, како и евиденција на сите нефинансиски донации добиени како помош, а се наменети за справување со кризата КОВИД-19.

Реализацијата на фискалната транспарентност ќе се оствари со преземање на низа мерки како што се надградба на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) што ќе овозможи обележување на јавните набавки поврзани со кризната состојба за пандемијата, надградба на порталот Отворени финансии со делот КОВИД-19, и со дополнување на веб-страницата koronavirus.gov.mk за објавување на податоци поврзани со фискална транспарентност со кризата КОВИД-19, на кои освен податоците добиени од ЕСЈН и податоци од порталот Отворени финансии, ќе се објавуваат и останати податоци кои не се достапни на овие електронски системи.

Би можело да ве интересира

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата