Влада: Просечната нето-плата во август зголемена за 11,3 %, достигна 31.871 денари

Од:

Мерките на Владата даваат позитивни резултати за зголемување на просечната месечна-нето плата. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2022 година, изнесува 31.871 денари, што е за 3.229 денари повеќе од истиот месец минатата година, известува Владата.

„Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека зголемувањето на просечната месечна нето-плата за 11,3 % во август годинава, се должи пред сѐ на растот на платите во секторите: Преработувачка индустрија (16,2 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (16,1 %) и Уметност, забава и рекреација (15,6 %).

Континуираното зголемување на просечната нето-плата е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата која изнесува 18.000 денари.

И во следниот период, Владата продолжува со креирање на мерки и на амбиент за повисоки стапки на економски раст и раст на приходите на сите граѓани, со цел да се унапреди животниот стандард на граѓаните особено во услови на криза“, се наведува во соопштението на Владата.

Би можело да ве интересира

Газдите по зголемувањето на минималецот: Работниците мора да си ги заслужат и одработат платите

Орце Костов

Ковачевски се пофали: Успеавме, просечната плата е 34.000 денари

Горан Наумовски

Просечна плата во октомври во Црна Гора е 720 евра

Велигденов: Македонска пошта нема за плати оти државата троши пари на приватни пошти

Орце Костов

Европски синдикати: Работниците не можат повеќе да ги плаќаат сметките за енергија

А1он

Каевски: Просечната плата во јуни 31.869 денари, раст од 10,9 отсто, следува раст на платите во сите сектори

Катерина Павлова-Николовска