Влада: Од денес 0% ДДВ за основните прехранбени продукти за намалени малопродажни цени

Од:

Од денеска стапува на сила мерката за намалувањето на ДДВ-то за основните прехранбени продукти од 5% на 0%.

„Со стапувањето на сила на оваа мерка сите маркети кои продаваат леб, брашно тип-400, млеко со масленост од 2,8%, од 3,2 и 3,5% масленост, бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз и јајца, ќе се издаваат фискални сметки за овие производи со ДДВ од 0%.

Истовремено со оваа мерка ќе се изврши надолен притисок врз малопродажните цени на овие производи со што ќе се делува и на намалување на вредноста на потрошувачката кошница. За позначаен ефект оваа мерка се спроведува паралелно со мерката за замрзнување на маржите кај овие производи“, соопштува Владата.

„Покрај оваа мерка, во пакетот 26-те мерки за заштита на животниот стандард и ликвидноста на компаниите е вклучена и мерката за продолжувањето на примената на повластената стапка од 5% на ДДВ кај електричната енергија кон домаќинствата до крајот на 2022 година, како и мерките за намалени акцизи и ДДВ за горивата со кои во моментов Република Северна Македонија има најниски цени на горивата во регионот.

За Владата животниот стандард на граѓаните е приоритет и со стратегијата која е преточена во 26-те мерки и препораки е целосно насочена кон користење на сите ресурси во поддршка на граѓаните и стопанството во време на криза“, се наведува во соопштението на Владата.

Би можело да ве интересира

Поскапува еуросупер БС-95, цените на другите горива не се менуваат

Орце Костов

Дел од маркетите ги зголемиле цените, Пазарен инспекторат ќе проверува дали купувачите се доведени во заблуда

Орце Костов

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

Ќе се намалат цените на храната, а маркетите наместо 40 отсто ќе имаат рабат од 10 отсто

Орце Костов

Ковачевски тврди дека цените се намалени за 10 до 30 отсто, Статистика објави намалување од само еден процент за август

Орце Костов

Мицкоски: Им фалат пари во буџетот, затоа зголемуваат данок на основни производи