Влада: „ЕУРОМАКС Рисорсис“ не ги исполнува условите за експлоатација на „Иловица“

Од:

„ЕУРОМАКС Рисорсис“ ДОО Скопје не ги исполнува условите за експлоатација на „Иловица“, поради што ќе и биде одбиено барањето за добивање дозвола, соопшти Владата.

По истекот на задолжителниот рок за жалба од 15 дена, Владата ќе може да донесе и конечна одлука за едностран раскин на Договорот за концесија со „ЕУРОМАКС Рисорсис“.

Одлуката за неисполнување на условите, денеска на владина седница ја соопшти и образложи Министерството за економија.

-Министерството за економија на денешната седница на Владата информираше дека се исполнети законските услови за донесување решение за одбивање на барањето за издавање дозвола за експлоатација на минерална суровина – бакар и злато на локалитетот „Иловица“, општина Босилово на ЕУРОМАКС Рисорсис ДОО Скопје. Во информацијата што денеска ја презентираше Министерството за економија, утврдено е дека компанијата не ги доставила сите потребни документи кои се бараат согласно Законот за минерални суровини за добивање дозвола за експлоатација, наведува владината прес-служба.

Би можело да ве интересира

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он