Влада: Димитриеска-Кочоска и понатаму одбива да го потпише договорот за заемот од Светска банка

Од:

Владата на денешната седница, со цел да се одблокира потпишувањето на договорот со Светска банка за поволен заем во висина од 90 милиони евра од страна на дополнителната заменик-министерка за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, организираше расправа на која како гостин учествуваше и претставничката на нашата земја во Светска банка, Нина Фити-Неделковска, која објасни дека одолговлекувањето на потпишувањето на договорот ја става во ризик долгодишната соработка меѓу банката и нашата земја, особено во делот на исклучително доброто искуство во финансиската поддршка на социјалните и општествено одговорните политики во последните неколку години.

Аргументите изнесени на седницата, како и исклучителниот јавен интерес за потпишување на овој поволен аранжман со Светската банка, според кој средствата во висина од 90 милиони евра се наменети за зајакнување на капацитетите на здравството за справување со Ковид-19, за набавка на медицинска опрема, за финансирање на придонесите за здравствено осигурување за невработените и за ранливите групи, за финансирање на привремената поддршка за невработените со обезбедување паричен надоместок за оние што ги изгубиле работните места во кризата, за привремената социјална помош на посиромашните граѓани кои пред кризата не ги исполнувале условите, како и за поддршка за работниците што биле одјавени од нивните работодавачи и кои добиваат надоместоците од осигурување во случај на невработеност, не беа доволни за дополнителната заменик-министерка за финансии Димитриеска-Кочовска.

Со оваа своја постапка, да одбие да го потпише договорот за заемот од Светска банка, беше истакнато на седницата, дополнителната заменик-министерка за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ги доведува во сериозен ризик реализацијата на овие иницијативи за зајакнување на здравството и за поддршката на социјално ранливите категории граѓани, сега посебно погодени од кризата, и во таа насока е донесен заклучок да биде побарано мислење од Државната изборна комисија за оваа опструкција во работењето на Владата од аспект на членовите од Законот за Влада кои се однесуваат на изборот и на работењето на техничката, односно преодната влада.

Би можело да ве интересира

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Тошковски за поништувањето на неговите наредби: Во влада се тотално неинформирани, како не им е срам

Орце Костов

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов