Влада: Антикризните мерки веднаш дадоа резултати – од денеска пониски цени на горивата

Од:

„Новите 26 антикризни мерки на Владата, вредни 400 милиони евра веќе даваат резултат. Со усвоените измени и дополнувања на законите на ДДВ и за акцизата во Собранието, на предлог на Владата како дел од антикризните мерки, од денеска се намалени цените на нафтените деривати и горивата за транспорт. Со ефикасното спроведување на постапката, примената на антикризните мерки доведе до намалување на цената на горивата и со тоа бензинот БС-95 се намали за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари“, велат од Владата.

„Соодветно на намалената акциза и ДДВ за нафтените деривати, се намали и цената на другите горива.

Ова се само дел резултатите од мерките за намалување на ДДВ и акцизата за горивата како единствен приоритет на Владата како што е заштитата на стандардот на граѓаните и одржување на економска стабилност.

Со сите досегашни политики, мерки и одговорно владеење, новата Влада за само 50 дена покажа дека може и умее да се справи со предизвиците.

Продолжува субвенционирањето на граѓаните за електрична енергија, решен е проблемот со затоплување во Скопје, опстојуваме на поддршката на финансиски ранливите категории на граѓани за струја и за купување основни производи, а преку низа мерки ги одржуваме цените на основните производи стабилни.

Со новиот пакет 26 мерки 400 милиони евра од буџетот се насочуваат за поддршка на граѓаните и компаниите.

Покрај сите овие кризни мерки, Владата ја покачи и минималната плата на 18.000 денари и оствари рекордно покачување на пензиите, вклучувајќи и дополнителна финансиска поддршка за пензионерите“, соопштува Владата.

Би можело да ве интересира

Новиот пакет антикризни мерки ќе биде објавен идната недела

Парите од солидарниот данок одат кај сиромашните, но ќе се вратат ако законот падне на Уставен

Орце Костов

Владата усвои антикризни мерки за намалување на трошоците во јавниот сектор

А1он

(ВИДЕО) Бесими: Пониски цени на храната и горивата за заштитен стандард на граѓаните – намалени ДДВ и акцизата

Ана Ололовска

Бектеши: Има доволно количини на храна, цените на основните прехранбени производи и горивата ќе се намалат

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Мицкоски: Сетот мерки на Владата е задоцнет, нема да ја подобри состојбата

Ана Ололовска