Вкупно 6 милиони денари владина поддршка за сончеви колектори во домовите

Од:

Владата и годинава ќе го субвенционира инсталирањето на сончеви колектори во домаќинствата. За оваа намена се предвидени вкупно 6 милиони денари.

Како што соопшти денеска на прес-конференција министерот за економија Ваљон Сарачини, на јавниот оглас објавен пред една недела може да аплицира секој што има купено и вградено соларен колектор во својот дом. Како и досега ќе се надоместуваат 30 отсто од трошоците односно од вредноста на колекторот или максимум 18 илјади денари.

– Од вкупно 600 илјади домаќинства во Македонија само 3.000 користат сончеви колектори, но интересот за нивно инсталирање е се поголем. Лани до Министерството пристигнаа 2.000 барања за субвенции, а во 2011-та оваа бројка беше двојно помала, рече Сарачини.

Заштедата од инсталирање сончеви колектори е голема, до илјада денари месечно или 12 илјади денари годишно ако колекторот чини 36 илјади денари што значи дека инвестицијата се враќа за три години.

Министерот посочи дека ако сите домаќинства во земјава инсталираат соларен термален колектор, годишно ќе заштедат 144 илјади мегават часови електрична енергија или 80 милиони евра.

Јавниот повик за годинашното субвенционирање ќе трае до 31 мај, а извлекувањето на оние што ќе добијат поддршка е закажано за 8 јуни.

Досега надомест за сончеви колектори добиле 1.901 домаќинство, 500 во 2007 и 2009 година, 420 во 2011 и 481 домаќинство лани.

Би можело да ве интересира

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Тошковски за поништувањето на неговите наредби: Во влада се тотално неинформирани, како не им е срам

Орце Костов

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов