Викенд без ДДВ е проект на ЛДП, тврдат од партијата

Од:

„Проектот на Либерално-демократската партија за воведување на „Викенд без ДДВ“, предложен уште во 2012 година, е пред самата реализација како дел од пакетот економски мерки кои ги усвои Владата во која активно учествува ЛДП.

Во недостаток на креативност, јавноста беше сведок на изјавата на лидерот на опозициската партија ВМРО–ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој долгогодишниот предлог на ЛДП се обиде да си го препише како нивен производ и да повика на протест во врска со едно од трите нивни клучни барања, меѓу кои е и иницијатива на предлог – закон за „Викенд без ДДВ“, вели Либерално-демократска партија.

„Јавноста не заборава дека предлогот за „Викенд без ДДВ“ беше доставен од страна на ЛДП пред 8 години кога владата беше предводена токму од ВМРО–ДПМНЕ. Истиот предлог ЛДП повторно го презентираше и во септември 2016 година преку потпретседателот на партијата Зоран Шапуриќ. Тогаш ВМРО–ДПМНЕ немаше слух за предлогот на ЛДП и истиот целосно го отфрли. Со години ВМРО-ДПМНЕ имаа вистинска и единствена можност да го прифатат предлогот на ЛДП и да ја покажат на дело вистинската грижа за стандардот на граѓаните и растот на приходите во одредени продажни сектори со дополнителни приливи кои директно ќе се слеат во македонското стопанство. Неколку години подоцна, кога ЛДП како дел од Владата го спроведува на дело предлогот, крајно е невкусен вчерашниот чин на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, кој пред македонската јавност се обиде да го претстави предлогот на ЛДП како грижлив изум на неговата партија.

„Викенд без ДДВ“ функционира како пракса многу години наназад во Соединетите Американски Држави и во некои земји во Европа. Викенд понудата без ДДВ нуди поволности за потрошувачите, кои добиваат можност да не го оптовараат семејниот буџет, а воедно полза имаат и трговците, кои имаат можност да ја зголемат својата добивка. Во наредните недели, благодарние на учеството на ЛДП во Владата и на добрите економски политики кои ги водат коалиционите партнери на власт, македонските граѓани ќе ги почувствуваат придобивките од овој проект“, се вели во соопштението на Либерално-демократска партија.

„ЛДП како дел од успешната соработка во владината коалиција ќе продолжи да работи на проектите кои значат поддршка на претприемништвото, стимулирање на креативните сектори преку одржување на рамниот данок, децентрализација на власта и поголема и финансиска одговорност на општините и натамошен развој на приватниот сектор како основа за развојот на државата“, се наведува во соопштението на Либерално-демократска партија.

Би можело да ве интересира

Форум на жени на ЛДП: Најостро го осудуваме навредливиот коментар упатен кон Силјановска Давкова

ЛДП: Недозволиво е вакво апсење на новинарот Салиу

Мишиќ: Од суштинско значење е потребите на младите да бидат пресликани во новите политики

Јакимовски за викенд -акцијата „Здрави навики“: Заедно со граѓаните се грижиме за здравјето и градиме здрави животни навики

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови

(ВИДЕО) Вељаноски од ЛДП: Нашите либерални политики нудат прогрес, па ВМРО-ДПМНЕ ги преслика во нивната програма