ВИДЕО: „ВИК“ доби државна помош за втор инвестициски циклус во ТИРЗ Прилеп

Од:

Компанијата „ВИК (WIK) Македонија“ денеска доби државна поддршка за вториот инвестициски проект на компанијата во технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Прилеп во вредност од 2,5 милиони евра во кој се предвидува да се вработат нови 100 лица.

Договорот за државна помош го потпишаа вицепремиерот за економски прашања, координација со економски ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и генералниот менаџер на компанијата, Вернер Шоеб.

Компанијата „ВИК Македонија“, која работи во ТИРЗ Прилеп, е германска семејна компанија основана во 50-тите години од минатиот век, која произведува мали електрични уреди наменети за домаќинствата. Во 2018 година со оваа компанија беше потпишан првиот договор за државна помош.

Во ТИРЗ Прилеп веќе имаат реализирано инвестиција до 10,5 милиони евра во која во моментов работат 250 лица.

Би можело да ве интересира

Рекција на ТИРЗ по наводите на ВМРО-ДПМНЕ: Не е исплатен ниту денар за проектот е.Го

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Пропадна стратешката инвестиција на ДУИ и СДС со фабриката за електрични автомобили

Владата нема да и додели помош на „Некст е.ГО“ која требаше да прави електрични возила, била несолвентна

Орце Костов

Пендаровски: Политичките лидери креираат рамка, но младите, успешни луѓе ја движат државата напред

ТИРЗ: Скопје се искачи на првото место како најрентабилен европски град со средна големина за инвестирање

Деспотовски: Ниту има врска со изборите и техничката влада, ниту е нешто спорно во договорот со „Стентон градба“

Горан Наумовски