(ВИДЕО) Живковиќ: СДСМ ги покачи пензиите за 900 денари, се грижиме за пензионерите

Од:

„Како одговорна партија покажуваме дека се грижиме за оние кои ја креирале основата на нашата држава и кои го трасирале патот на младите!

Ги покачуваме пензиите со најголемиот износ во последните 20 години – од 700 до 730 денари почнувајќи од јануари 2020 година.

Заедно со редовното усогласување со трошоците за живот, 322.000 пензионери и пензионерки ќе имаат поголеми пензии за околу 900 денари, а просечната пензија ќе изнесува 15.550 денари, што значи покачување на просечната пензија за 1746 денари“, рече Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд и социјална политика.

„Овие покачувања на пензиите не се преку задолжувања како што тоа го правеше претходната власт туку се производ на домаќинското работење на Владата на Република Северна Македонија предводена од СДСМ и мерките кои ги презема Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Го враќаме достоинството на граѓаните и граѓанките кои се во третото доба и тоа го правиме согласно дадените ветувања од декември 2016.

Нашите највозрасни сограѓани и сограѓанки заслужуваат да ги поминат пензионерските години со дигнитет и со мерки кои им го олеснуваат животот.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија продолжува со мерките и политиките што обезбедуваат економски раст и повеќе пари кај граѓаните и граѓанките“, изјави Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

СДСМ: Мицкоски едно зборува дома за уставните измени, друго надвор, не може да му се верува