ВИДЕО: Здравството приоритет на предлог Буџетот за идната година

Од:

Премиерот Зоран Заев вели дека новиот предлог буџет за 2021 година ќе биде буџет за економска стабилност и економски раст.

„Поддршка на здравствениот сектор е прв приоритет на Буџетот за 2021 година“, рече Заев.

Тој очекува враќање на економијата во предкризната состојба во втората половина од 2021 година.

„Оваа година ние се соочуваме со една од најголемите кризи во последното столетие. Економските статистики не се ништо посветли од тоа што се случува во здравствениот сектор“, рече министерот за финансии Фатмир Бесими.

Според Бесими, и во идните две години економијата ќе се соочува со предизвици како последица од пандемијата.

Тој најави ребаланс и во следната година, кој како што вели е очекуван поради состојбата на светско ниво.

Би можело да ве интересира

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Бесими: Минатата година највисока реализација на капиталните инвестиции

Нема пари во Буџетот за зголемување на платите на функционерите во 2024 година, тврди Бесими

МФ: Усвоен Буџетот за 2024 во Собранието, носи инвестиции, развој и одржливост

Пренџов: 20 години ДУИ ги поддржува сите буџети на државата, пари за автопати, мостови и граѓаните нема, ама за бизнисите на челниците на ДУИ има

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2024 година

Горан Наумовски