ВИДЕО: Западниот Балкан и ЕУ заеднички ќе се справуваат со последиците од енергетската криза

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска учествуваше на првата панел дискусија на Самитот Западен Балкан -Европска Унија во Тирана. Оваа панел сесија беше посветена на енергетската криза и пакетот за енергетска поддршка со кој треба да се обезбеди енергетска стабилност на Западен Балкан, но и воопшто на целиот европски континент.

На сесијата од страна на сите учесници во дискусијата беше потенцирано дека енергетската стабилност на Западен Балкан е подеднакво важна како и енергетската стабилност на ЕУ. Лидерите истакнаа дека сите заедно работат на надминување на предизвиците од енергетската криза и дека ЕУ ќе биде заедно со земјите од Западен Балкан при решавање на сите проблеми поврзани со енергетската криза, соопшти Владата.

Република Северна Македонија изминатиот период успешно се справува со енергетската криза и обезбедува енергетска стабилност на земјата, за што се ставени во целосна функција сите расположливи капацитети за производство на струја.

Република Северна Македонија исто така имплементира повеќегодишна Стратегија за зелена транзиција, со што инвестира во капацитети за производство на струја од обновливи извори на енергија и долг план обезбедува енергетска независност на земјата, се додава во соопштението на Владата.

Би можело да ве интересира

Усвоена заедничка изјава на лидерите на Западен Балкан на Конференцијата на високо ниво „Раст и конвергенција на Западен Балкан”

Џафери на Конференцијата во Тирана: Планот за раст и Заедничкиот регионален пазар се клучни за забрзано членство во ЕУ

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан

О’Брајaн: Граѓаните ќе имаат јасен избор во претстојните месеци, помеѓу визијата за движење кон Европа и нешто сосема друго

Ковачевски: Планот за раст најсериозната политичка потврда од ЕУ за нејзините намери за интеграција на Западен Балкан

О’Брајaн: Никогаш не сте биле поблиску до ЕУ, ајде да ја завршиме практичната работа