(ВИДЕО) Заев-Хан: Политичката стабилност и сигурност и напредокот на Северна Македонија во сите сфери, отвора можности за нови инвестиции

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска во Виена имаше свое воведно обраќање на отворањето на Виенскиот економски форум, Виенски економски разговори – нови перспективи за Република Северна Македонија. Покрај Премиерот Заев, воведни обраќања имаа и д-р Томас Арнлоднер, извршен директор на А1 Телеком Австрија Групација и член на одборот на Виенскиот економски форум, како и Јоханес Хан, еврокомесарот за проширување и добрососедска политика.

Заблагодарувајќи им се на сите инволвирани што годинешниот Виенскиот економски форум се одржува за разгледување на инвестициските можности исклучиво во Северна Македонија, Премиерот Заев истакна дека Австрија е силен сојузник на Северна Македонија во евроатлантската интеграција.

Сосема на почетокот Премиерот Заев истакна дека во изминатите 10 години Австрија беше најголем инвеститор во Северна Македонија со 392,2 милиони ЕУР што изнесува 13,2% од вкупните странски директни инвестиции во државата.

Премиерот Заев во воведното обраќање зборуваше за успешно спроведенетите претседателски избори, како и за Договорот од Преспа, којшто е решение на огромен проблем, а којшто резултираше со продлабочување на соработката помеѓу Република Северна Македонија и Грција.

Говорејќи за реформите коишто се во тек, Премиерот Заев се осврна на судските реформи, реформите во безбедносниот систем и јавната администрација, како и борбата против корупцијата, коишто остануваат врвен приоритет во работењето на Владата.

„Во периодов од 22 месеци откако актуелната Влада дојде на власт, ние ја вративме демократијата и функционалните демократски институции од она што до неодамна беше заробена држава“, рече Премиерот Заев и додаде дека „тие приоритети се идентични со нашата пристапна агенда за ЕУ“.

„Република Северна Македонија нема друга алтернатива за интеграцијата во ЕУ и НАТО – повеќе од 75% од населението ги поддржува таквите аспирации“, потенцираше Премиерот Заев.

„Денес сме подготвени и политички и институционално. Ние цврсто веруваме дека заслужуваме одлука заснована на заслуги и веруваме дека и ЕУ ќе испорача“, додаде Премиерот Заев.

Понатаму, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев посочи дека 2019-та година дека ќе биде година на економијата, како продолжение на економскиот напредок од минатата година.

„Во 2019 година, имаме натамошен раст на индустриско производство од 8,8% во производство, што главно се должи на производството на машини, возила, пијалаци и основни метали. Успеавме да ја намалиме невработеноста под 20% откако сме во Владата. Економскиот раст во 2018 беше 2,7%, по раст од 0,2% во 2017 година. Извозот во првите 3 месеци од 2019 година се зголеми за 16,8%“, истакна Премиерот Заев.

Пред бројните австриски компании и бизнисмени Премиерот Заев го изрази своето очекување дека ова лето Северна Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите, бидејќи како што рече Премиерот Заев земајата и покажа на цела Европа како преку дијалог и соработка се решаваат долгогодишни проблеми.

„Нашата земја има поизитивен импакт и на целиот регион. Сега Северна Македонија е единствената земја во регионот којашто нема отворени прашања со ниту еден сосед. А кога постои договор следат и економските резултати“, истакна Премиерот Заев.

Тој исто така додаде дека и натаму Република Северна Македонија ќе биде пример за целиот регион, дека земјата и натаму ќе биде сигурна и стабилна, земја којашто се грижи и на инвеститорите им нуди соодветни услови за развивање на својот бизнис.

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан на отворањето на Виенскиот економски форум истакна дека политичката стабилност на Северна Македонија е најдобра во регионот, а уште еден доказ за тоа, како што подвлече Еврокомесарот Хан беа успешно спроведените претседателски избори. Во таа насока еврокомесарот Хан ги охрабри компаниите од Република Австрија да инвестираат во нашата земја, бидејќи како што рече тоа значи поголем профит за земјата и отворање на нови работни места.

Адресирајќи го напредокот на Република Северна Македонија во сите сфери, Еврокомесарот Хан го изрази своето очекување земјата да добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија и до крајот на оваа година да бидат отворени и првите поглавја.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески