ВИДЕО: Втората генерација на NX отвора комплетно ново поглавје за брендот Lexus

Од:

• Втората генерација на луксузниот SUV воведува нов дизајн, нови погонски единици, нови технологии за поврзување, безбедност и удобност и целосно подобрени динамични перформанси
• Претставување на првиот plug-in хибриден модел на Lexus, NX 450h+
• Значајни придобивки во перформансите и ефикасноста во новиот NX 350h со хибриден погон од четвртата генерација

dobivaj vesti na viber

Новиот Lexus NX е многу повеќе од само луксузен SUV со средна големина во својата втора генерација. Тој отвора комплетно ново поглавје за брендот Lexus. Тој најавува нови насоки во дизајнот, нови погонски единици, вклучувајќи го и првиот plug-in хибриден мотор на Lexus и скок нанапред во динамичните перформанси кои обезбедуваат поголема поврзаност и уживање помеѓу возачот и возилото.

NX дебитира и со нова мултимедијална платформа којашто ги доведува поврзувањето, информациите и практичноста на повисоко ниво, како и проширувањето на опсегот и функционалноста на следната генерација на Lexus Safety System- активна безбедност и системи за помош на возачот за да се заштити од уште поширок опсег на ризици од несреќи и да го намали товарот врз возачот.

Lexus го редефинира сегментот на луксузен SUV со автомобил кој е целосно нов – всушност најмалку 95% од деловите на возилото се ново развиени. Новиот NX е дел од новата програма Lexus Relax, преку која клиентите може да уживаат во 10 годишна гаранција на возилото, која за новите возила се обезбедува без доплата.

Чувствувајте се пософистицирано: Нова насока во дизајнот на Lexus

• Нов дизајнерски пристап, земајќи ја предвид основата на дизајнерската филозофија на Lexus L-finesse
• Авангардниот квалитет на NX е задржан, но со позрел, пософистициран и понагласен изглед
• „Функционална убавина“- го комбинира дизајнот со перформансите за да произведе стил кој обезбедува подобрена аеродинамика, намалена бучава и потрошувачка на гориво.

Дизајнот на Lexus влегува во нов период на еволуција со лансирањето на новиот NX, притоа останувајќи достоен на својата основна филозофија L-finesse – спој на врвен дизајн и технологија, со префинетост.

Намерата беше да се зачува авангардниот карактер што се покажа толку привлечен за клиентите со моделот од првата генерација, притоа користејќи пософистициран, позрел и динамичен дизајнерски јазик.

Резултатот е „функционална убавина“ која го комбинира дизајнот со перформансите за да произведе стил кој обезбедува подобрена аеродинамика, намалена бучава и потрошувачка на горивото.

Каросеријата се карактеризира со контрастни заоблени површини и остри агли, со динамични пропорции кои изразуваат агилност и стабилен изглед на патот.

Оптималното пакување е постигнато со употребата на платформата Lexus Global Architecture K (GA-K), обезбедувајќи повеќе простор во кабината и широк багажен простор. Во споредба со претходната генерација на NX, вкупната должина е зголемена за 20 mm, меѓуоскиното растојание за 30 mm, ширината за 20 mm и висината за 5 mm.

На предниот дел, мрежестата маска што е обележје на Lexus има значителна улога во дизајнот. Сега има поисправена положба, што помага да се подобри протокот на воздух во просторот за моторот. Елегантната форма на хаубата дава одлична видливост нанапред од седиштето на возачот.

Решетката има нова мрежеста шема која содржи блокови во форма на буквата U кои оддаваат посилен тродимензионален изглед

Моделите од повисоките нивоа се опремени со LED фарови со четири проектори. Дневните светла во форма на L се поставени над предните фарови и имаат беспрекорно осветлување на површината со функција за намалување на светлината кога возачот ги користи трепкачите.

Задниот дел од возилото се одликува со новите целосни LED светла. На задната врата, амблемот на Lexus е заменет со името „LEXUS“, создавајќи помодерен и поедноставен изглед со што се зајакнува идентитетот на автомобилот.

Новиот NX е достапен во 11 бои, вклучително и три нијанси кои користат напредна технологија на бои на Lexus – соник бела и нова соник сива. Пет ултра тенки слоеви на боја со компресирани пигменти се нанесуваат и се полираат рачно за да се постигнат впечатливи контрасти на светлина и сенка и подлабок сјај низ каросеријата.

Моделите F SPORT се карактеризираат со темни хромирани надворешни детали, мрежеста решетка и 20-инчни алуминиумски тркала со дизајн со 10 краци инспирирани од тркалата што се користат во супер автомобилот Lexus LC. Моделот се карактеризира со нов дизајн на предните и задните браници со поголеми странични отвори. Две бои се ексклузивни за моделите F SPORT – сафир сина и Ф-бела.

Чувствувајте се луксузно

• Просторот за патници дава чувство на луксузен салон
• Такуми внатрешноста создава богата сензорна привлечност преку квалитетни материјали
• Топлото чувство на омотенаши (добредојде) на Lexus се чувствува со осветлувањето за добредојде, како и амбиентално осветлување во кабината со 64 бои

Додека возачот ужива во сосредочено, ангажирано опкружување создадено со новиот Tazuna дизајн на кабината, патниците уживаат во поголемо чувство за простор со зголемено ниво на удобност, квалитет и посветеност кон деталите кои се суштински за Lexus, оддавајќи чувство на луксузен салон. Со примената на концептот Vital x Tech се создаде кабина која е иновативна, елегантна и практична.

Дизајнот, квалитетот и финишот се пример за традицијата на Lexus за топлото чувство на омотенаши (добредојде) и прецизната изработка на Такуми, со користење материјали со врвен квалитет и прецизни методи за да се осигура дека сè што гледате, допирате и слушате е совршено.

Првиот систем за е-брава на Lexus

NX е првиот модел на Lexus на кој е вграден електронски систем за отварање на вратите со е-брава. Ова ја заменува познатата внатрешна рачка на вратата со прекинувач со копче поставен до потпирачот за рака во панелот на вратата; однадвор, мало копче кое се наоѓа на внатрешната страна на фиксираната рачка.

Систем за климатизација

Системот за климатизација е дизајниран да испорача поголема удобност и перформанси со ефикасност на гориво. И хибридниот електричен модел NX 350h и plug-in хибридниот модел NX 450h+ користат целосно електричен компресор што штеди енергија.

Climate Concierge осигурува дека температурата во кабината е прецизно прилагодена за да одговара на секој патник, координирајќи ја работата на грејачите на седиштата и воланот, како и климатизацијата. Со контролата S-Flow, системот препознава кои седишта се зафатени, соодветно насочувајќи ги перформансите на греењето или ладењето, а исто така ги зема предвид поставките за температурата, температурата во кабината, температурата на околината и ефектот на сончевата светлина низ прозорците.

Системот претставен во NX 450h+ користи топлинска пумпа за заштеда на енергија која црпи топлинска енергија од воздухот надвор од автомобилот за да ја загрее кабината, така што има помало влијание врз способноста за возење на EV автомобилот. Plug-in електричниот модел има и сензор за влажност, кој помага да се спречи замаглување на шофершајбната, двослојна контрола на воздухот и систем за откривање и потиснување на застоениот воздух во кабината.

Товарен простор

Пакувањето на багажот „без компромис“ во внатрешноста на NX овозможува дарежлив волумен на багажниот простор: висината на багажниот простор е иста како кај претходниот модел, но е подолга за 40 mm. Така, багажниот простор сега е 545 литри со поставените задни седишта – повеќе простор за секојдневна употреба. Истиот може да се зголеми до максимални 1.436 литри со склопени седишта. Има доволно простор за носење три торби за голф или два големи куфери (од 77 и 63 литри), без да се спуштат седиштата.

Електрична задна врата

Новиот електричен мотор го олеснува работењето на електричната задна врата, без доцнење помеѓу ракувањето со контролниот прекинувач и почетокот на движењето на вратата. Севкупно, времето на отворање и затворање е намалено за околу осум секунди. Процесот е исто така потивок.
Задната врата може да се отвора и затвора со помош на прекинувач на инструменталната табла или копчето на клучот на возилото; има и прекинувач на долната страна на задната врата и дополнителен прекинувач за затворање на вратата и заклучување на возилото. Висината на отворање на вратата може да се постави на претпочитана висина.

Мирна и тивка средина во кабината

Lexus направи мапирање на ризикот од бучава во кабината уште во почетната фаза на развој на моделот, за да ги лоцира потенцијалните извори на бучава и да го потисне создавањето бучава.
За да се постигне врвна тишина во кабината, за шофершајбната и за предните странични прозорци се користи стакло со акустичен квалитет. Ова е, исто така, првиот Lexus кој има облога од пена во основата на предните и централните столбови за намалување на бучавата и вибрациите.

Бидете задоволни и одговорни: Погон и перформанси

• Целосно нови електрифицирани погонски единици со водечки перформанси во класата
• NX 450h+, првиот plug-in хибрид, со 309 DIN КС, комбинирана емисија на CO2 помеѓу 20 и 26 g/km* и 69 до 76 km EV комбиниран опсег на возење – дури и зголемување на 89 до 98 km во урбан циклус
• NX 350h со четвртата генерација на хибриден систем Lexus, со 244 DIN КС што одговараат на 24% зголемување на моќноста и 20% намалување на емисиите на CO2 во споредба со претходната генерација

Статусот на новиот NX како трансформативен модел за Lexus и неговиот потенцијал за поголем пробив на пазарот се рефлектира во поширок опсег на погонски единици, користејќи нови и значително подобрени технологии. Понудата го вклучува првиот plug-in хибриден модел на Lexus, кој веднаш станува референтна точка за сегментот во однос на неговата комбинација на моќност и способноста за возење на електричен режим.

Во гамата е понуден и нов самополнечки хибриден модел, со значително подобрени перформанси и ефикасност.

Чувствувајте се поповрзани: Мултимедија и поврзаност

• Целосно нова мултимедијална платформа со побрзо, поинтуитивно работење и зголемена функционалност
• Lexus Link Connect со 9,8-инчен екран на допир и Lexus Link Pro со 14-инчен екран на допир со висока резолуција – еден од најголемите во класата на NX
• “Cloud” навигација како стандардна поставка
• Системот за препознавање на глас реагира на гласовни команди, вклучувајќи го и новиот асистент „Hey Lexus“.
• Стандардно се нуди 4-годишна претплата за поврзување на сите возила на пазарите во Западна и Централна Европа.

Новиот NX нуди беспрекорно побрзо, подобро и посилно поврзување, користејќи ја најновата мултимедијална технологија.

Со новата мулти-медија постојат околу сто начини возачот да комуницира со возилото.

Чувствувајте се посигурни: Напредна безбедност и помош за возачот

• Третата генерација на Lexus Safety System+ е стандард, на сите европски пазари
• Значително зголемување на обемот и функционалноста на системите за активна безбедност и помош за возачот
• Подобрениот систем за избегнување судир може да открие значително повеќе сценарија за ризик од несреќи
• Safe Exist Assist- првиот во индустријата, комбинирајќи го новиот систем за е-брава со мониторот на слепата точка на автомобилот, помага да се избегнат несреќи предизвикани од отворање на вратите на патеката на возилата, велосипедите и мотоциклите што се приближуваат
• Дигитален ретровизор, кој му дава на возачот широко, непречено видно поле, користејќи слики во реално време од камерата за враќање во рикверц на автомобилот

Моделот на македонскиот пазар ќе се понуди со почетна цена од 49.990 € за NX 350h, односно 69.990 € за Plug-In верзијата, NX 450h+.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Премиера на целосно новата Toyota bZ4X

Ана Ололовска

Премиера: Новата Opel Astra пристигна во Македонија

Ана Ололовска

Peugeot и Opel доминантни со своите гами на електрични и plug-in хибридни возила

Ана Ололовска

Новото лице на новиот ŠKODA KAROQ е тука!

Ана Ололовска

Поскапувањето го натера секој трет Германец да престане да вози, некои почнаа и да крадат гориво

А1он

Нарушено производството на Форд и на Тојота поради протестите во Канада

Ана Ололовска