(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Доколку дојде до целосна либерализација на пазарот за електрична енергија граѓаните ќе плаќаат 20 отсто поскапо

Од:

Емилија Александрова од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека Владата подготвува шок за граѓаните со зголемување на цената на електричната енергија и дека тие не размислуваат за доброто на граѓаните, туку за сопствениците на фирмите за трговија со електрична енергија од владата.

– Заев ги манипулира граѓаните со ветување за два часа ефтина тарифа во период од 14 часот до 16 часот, период кој практично е неадекватен, бидејќи е период кога повеќето од граѓаните се надвор од домот и ги извршуваат своите работни активности. Односно истиот нема практична употреба, а тој ќе предизвика низа трошоци, кои ќе значат поскапа електрична енергија во целост. Ваквата активност на Владата ќе предизвика трошок кај ЕВН за прилагодување на над 800.000 броила. Трошокот на кој ќе подлежи ЕВН истата лесно ќе го искомпензира, на грбот на граѓаните, со барање за покачување на цената на електричната енергија до Регулаторна комисија, со што цената во целост ќе се покачи, вели Александрова.

Таа додаде дека најавената либерализација на пазарот на електрична енергија неминовно ќе предизвикала покачување на цената на електричната енергија.

= Пресметките се дека, доколку дојде до целосна либерализација на пазарот, тогаш граѓаните ќе плаќаат и до 20 отсто поскапа електрична енергија. Либерализацијата на пазарот ќе значи изедначување на цената на електричната енергија во Република Македонија, со таа во ЕУ. Имено за на граѓаните да им биде појасно, треба да знаат дека просекот на цената на електрична енергија во Република Македонија во последните три години е за 2,5 пати помала од просекот што го плаќаат граѓаните на земјите членки на ЕУ. Со други зборови, граѓаните во моментов плаќаат по 5 денари киловат час електрична енергија, додека граѓаните на Европската Унијата плаќаат околу 12,5 денари за киловат час. Што нема да биде случај доколку дојде до целосна либерализација на пазарот, рече Александрова.

Според неа игрите на СДСМ со енергетиката биле добро познати на јавноста, бидејќи се паметело дека последниот пат кога СДСМ биле на власт ја продаде државната ЕСМ и предизвика покачување на цената на електричната енергија. Според Александрова, исто како и тогаш и сега од СДСМ викаат дека до покачување на струјата нема да дојде, што било една голема и сурова лага.

– Граѓаните се прашуваат дали ЕЛЕМ е новиот „бомбона бизнис“? Владата на СДС треба да им одговори на граѓаните дали се вистинити гласините дека Заев по советите на Обрадовиќ ќе ја приватизира и државната ЕЛЕМ и со тоа ќе предизвика низа на покачувања на електричната енергија во наредниот период. СДС повторно ги лаже граѓаните. СДС повторно се обидува да профитира на грбот на граѓаните. Владата на СДС треба да излезе и да објасни што точно планира?, запраша Александрова.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска повторно демонстрира неверојатна способност за исчезнување кога советниците поставуваат прашања