ВИДЕО: Владата предлага укинување на Законот за пазарџиите, ќе се носи ново решение

Од:

Владата на денешната седница донесе решение да се укине Законот за трговија на зелените пазари што беше донесен на иницијатива на повеќе пратеници и имаше одложено дејство и требаше да стапи на сила од 1 јануари 2020 година.

Анализите на Министерството за економија, како што информира ресорниот министер Крешник Бектеши, покажале дека од законското решение ќе имаат штета сите, а особено пазарџиите поради што е предложено укинување на ова законско решение. Во меѓувреме, како што рече, Министерството ќе изготви нов закон во консултација со сите засегнати страни во кои ќе бидат вметнати забелешките на пазарџиите.

Одлуката на Владата ќе биде доставена до Собранието и се очекува по скратена постапка да биде поништено законското решение.

Според најавите од министерот Бектеши, се очекува на почетокот на наредната година да биде донесено ново законско решение за трговија на пазарите на зелено.

Би можело да ве интересира

Овозможена работа на фабриките и транспортот и за време на построгиот полицискиот час, работниците со посебни дозволи

Ана Ололовска

Насоки и препораки од Владата за функционирање по стартот на продолжениот полициски час

А1он

Владата ја стопираше исплатата на паушали и надоместоци

А1он

И осигурениците на кои не им се плаќани редовно придонеси, можат бесплатно да се тестираат за коронавирус

А1он

Ограничен извозот на заштитни маски, 20 проценти од дневното производство во магацин

А1он

Владата ги заострува мерките, полицискиот час и забрана за движење ќе биде од 16:00 до 05:00 во работните денови, а во викендите 24 часа

Ана Ололовска