(ВИДЕО) Велковски: Растат платите, се враќа дел од ДДВ кај граѓаните

Од:

„Позитивните економски резултати, растот и развојот и реализацијата на мерките кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните создававаат силна економија, шанса за сите граѓани.

Растот на економијата е веќе над 4%, во првиот квартал на 2019 година. Резултат на добрите економски политики на Владата, имајќи го предвид наследеното назадување и негативата од -1,8% во времето на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Диме Велковски, пратеник на СДСМ.

„Радува тоа што носител на растот на економијата е стопанството, индустријата. Компаниите растат и се развиваат, се зголемува обемот на производство за што потврда е растот на индустриското производство од 6,5% во периодот јануари-мај.

Стабилната економска состојба и правилно поставените економски политики создадоа услови за реализација на серија мерки за враќање на парите назад кај граѓаните“, додаде Диме Велковски, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

СДСМ: Мицкоски едно зборува дома за уставните измени, друго надвор, не може да му се верува

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Александар Тодески