(ВИДЕО) Трипуновски: Заев и Николовски го урнисаа македонското земјоделство

Од:

„Република Македонија лани не доби датум за отпочнување на преговори со ЕУ, нема ни оваа година. Земјоделството во Македонија е на лош пат, тоа го потврди и извештајот на Европската Комисија за Македонија. Во сите три поглавја кои го опфаќаат секторот земјоделство, речиси и да немаме напредок.

Во поглавјето 11, Земјоделство и рурален развој се вели дека не е постигнат напредок во овој сегмент. Ниските цени и слабиот откуп се препознаени и од ЕУ и се нотирани како слабост на нашето земјоделство.

Европската Комисија вели дека е потребна поголема поддршка за капацитетите за складирање на земјоделските производи“, рече Цветан Трипуновски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Производителите на домат и зелка во струмичко го фрлаа својот род на депониите, исто како и јаболкарите во Ресен кои ги уништуваа своите долгогодишни насади разочарани од ниската откупна цена на јаболката. Сливарите во Пијанец и Малешевијата ги фрлаа сливите, истото се случи и со производителите на пиперка, бостан и другите земјоделски производи. Да имаше поголем број на складишни капацитети, производителите ќе ги складираа своите прозиводи и ќе ги продаваа по достојни цени во одреден временски период.

Во поглавјето 12 – Безбедност на храна, ветеринарна и фито-санитарна политика, е задржана истата оценка која ја влечеме со години наназад, односно е остварена уште пред неколку години. Тука СДСМ нема направено ништо, дополнително за унапредување на оваа поглавје.

Во поглавје 13 -се вели дека не е постигнат напредок во однос на препораките кои биле дадени во минатиот извештај. Во овој сегмент министерството, т.е. Николовски и Зоран Заев немаат направено ништо во делот на инспекцијата и надзорот, ниту пак имаат направено чекор напред за усогласување на македонското законодавство со регулативите на ЕУ.

Извештајот е уште еден доказ дека Зоран Заев и за него успешниот министер Љупчо Николовски не се грижат за македонското земјоделство, напротив тие го урнисаа! Земјоделците низ државата со мака и голема работа не можат да си ја обезбедат ниту егзистенција. Безнадежноста која ја креираа СДСМ, Заев и Николовски веќе се отсликува во се попразните села, необработените ниви и се помалку земјоделци во Република Македонија.

СДСМ и Зоран Заев мора да си заминат. Метлата мора да заигра за целата влада“, изјава Цветан Трипуновски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Сексистички навреди кон Силјановска на митингот во Куманово, Пендаровски се смее