(ВИДЕО) Трипуновски: Министерството за земјоделство се уште нема утврдено цена за откуп на пченицата

Од:

„Жетвата на пченицата е речиси на половина, а МЗШВ се уште нема утврдено цена за откуп. Иако законскиот рок за утврдување на цена е 10 дена пред почеток на жетва, оваа година тоа не е направено.

Имено во услови кога сме на половина реализирана жетва, МЗШВ нема воспоставено систем на организиран откуп на пченицата, за што има законска обврска.

Ги повикуваме Државниот инспекторат за земјоделство, Пазарен инспекторат, Биро за метрологија да излезат веднаш на терен“, рече Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„МЗШВ треба да одговори дали е изготвена динамика на откуп на дневна основа и дали е познат бројот на откупувачи кои ги исполнуваат условите за откуп на пченицата?

Прашуваме зошто ДИЗ дозволува да нема истакнато цена на откупните места, а со тоа директно дозволува да се манипулира со трудот на македонскиот земјоделец.

Димковски, Николовски и Заев ги имаат оставено земјоделците на милост и немилост. Откупната цена ќе биде очајно ниска и под секоја производствена логика.

Во услови кога државата со оптимално производство може да ги покрие сопствените потреби сме доведени во состојба од година во година да ги намалуваме површините под лебно жито.

Оваа година површините со пченица во Пелагонија се намалени за 40% во споредна со минатата година. Доколку вака продолжи овој тренд се доведува во опасност производството воопшто.

Заев не само што нема план како да го унапреди земјоделието, напротив го уназадува веќе трета година по ред.

Зоран Заев е брука за Македонија и за македонскиот земјоделец. Зоран Заев со цела влада треба веднаш и сега да си замине“, изјави Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ги потврди листите за пратеници

Катерина Ѓуровски

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Николова: Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје

ВИДЕО: Време е за 90 пратеници и една изборна единца порача Мицкоски во промоцијата на изборната програма

Катерина Ѓуровски

Членство во ЕУ и продолжување на стратешкото партенство со САД – изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ