ВИДЕО: Трипуновски го обвинува Димковски дека вршел притисок врз откупувачи

Од:

„Трајан Димковски наместо да се зафати со решавање на проблемите на земјоделците, оди и се заканува на недолжни луѓе.

Димковски вчера го посети Росоман и наместо да каже зошто каналите за наводнување се нефункционални или како ќе ги санира штетите од невремето, праќал нему блиски луѓе да се закануваат и напаѓаат откупувачи.

Земјоделците од Димковски очекуваат помош, а добиваат закани“, рече Цветан Трипуновски, дополнителен заменик министер за земјоделство.

Изјава, 15.06.2020

Димковски вчера го посети Росоман и наместо да каже зошто каналите за наводнување се нефункционални или како ќе ги санира штетите од невремето, праќал нему блиски луѓе да се закануваат и напаѓаат откупувачи.Димковски наместо да се насочи кон решенија на проблемите кои ги наталожија СДСМ во изминативе три години вчера потроши цел ден за закани.Господине Димковски, до кога ќе ги мотивираш твоите послушници да шиканираат, да се закануваат и да навредуваат недолжни граѓани, земјоделци и откупувачи!?ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добивме само хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија.

Posted by Цветан Трипуновски on Понеделник, 15 јуни 2020

„Димковски наместо да се насочи кон решенија на проблемите кои ги наталожија СДСМ во изминативе три години вчера потроши цел ден за закани.

Настанот бил уредно пријавен во МВР и документиран од страна на надлежните и против сите сторители апелирам да бидат поведени соодветни постапки. Насилсетвото не смее да се толерира.

Господине Димковски, до кога ќе ги мотивираш твоите послушници да шиканираат, да се закануваат и да навредуваат недолжни граѓани, земјоделци и откупувачи!?

Знам дека се работи за голема нервоза во СДСМ од неминовниот пораз кој ги очекува, но тоа не смее да биде оправдување за шиканирање на народ. Одговорност за овој и за многу други случаи мора да има.

Презумпцијата на невиност ќе му биде загарантирана на секого, но на никој нема да му се дозволи да шиканира, навредува и да се заканува на било кого и за тоа да помине неказнет.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добивме само хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија“, изјави Цветан Трипуновски, дополнителен заменик министер за земјоделство.

Би можело да ве интересира

Димковски: Консолидација на земјоделско земјиште е државна политика

Ана Ололовска

Доставени картичките за „зелена нафта“ во Струмичкиот регион

Ана Ололовска

Министерот Димковски на средба со оризопроизводителите од Кочанско, ќе се зајакнува улогата на Институтот за ориз

Ана Ололовска

Активирани дисперзирани канцеларии на МЗШВ во Новаци и Могила

Ана Ололовска

Димковски од Ресен: Добиена согласност за набавка на пластични гајби, се олеснува работата на производителите на овошје

Ана Ололовска

Поднесени првите барања од мали винарници за регистрација

Ана Ололовска