(ВИДЕО) Tевдовски: Минималната плата ќе ја покачиме на најмалку 200 евра и ќе важи за сите

Од:

Платите на многу работници во Македонија не ги покриваат ни неопходните трошоци за живот. Тоа е посебно забележливо овде во Штип. И веднаш да кажам – ние тоа ќе го промениме.

Недозволиво е работничките и работниците во текстилната индустрија да работат по цел ден за екстремно ниски плати.
Сегашната утврдена минимална нето плата изнесува 10.080 денари, а 9.000 денари за текстилната и кожената индустрија, што е далеку од доволно за задоволување на животните трошоци.

Ние ќе определиме минималната нето плата да изнесува 12.000 денари во 2017 година и да важи и за текстилната и кожената индустрија.

За да нема отпуштања вработени, ќе се обезбеди Фонд за поддршка на животниот стандард за вработените во текстилната и кожената индустрија, којшто ќе покрие значаен дел од покачувањето на платата.

Контролата за исплата на минималната плата, покрај Инспекторатот за труд, ќе ја врши и Управата за јавни приходи.
Во следните години, висината на минималната плата ќе се прилагодува на порастот на просечната плата и трошоците на животот. Нашата цел е во 2019 година минималната плата да изнесува 15.000 денари, што ќе значи дека семејство со двајца работници ќе може да ги покрие најнеопходните трошошоци за живот.

СДСМ ќе ги заштити работниците во Македонија и ќе им обезбеди достоинствен живот.

Би можело да ве интересира

ССМ: Срамно е во 21. век да се молиме за плата за месеци кои луѓето ги изработиле

Горан Наумовски

СДСМ: Поголеми плати во новиот мандат, 1.000 евра просечна и 600 евра минимална плата

Горан Наумовски

Железници добија нова помош за исплата на плати: Само советниците на директорот чинат 20.000 евра

Орце Костов

„Нема рецепти, упати, исплаќања од фондот, се ќе застане“ – вработените во ФЗОМ на штрајк ако им ги намалат платите

Синдикат на полицијата: Основната плата на полицаецот е 16.300 денари, бараме зголемување за 15 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Обезбедивме поголеми плати за војниците за 100 отсто, а на полицајците за 35 отсто