(ВИДЕО) Тасевска: Со мерката за субвенционирање на придонеси, над 106.000 вработени добиваат поголема плата

Од:

„Мерките на СДСМ за зголемување на платите на вработените даваат одлични резултати. Над 106 илјади вработени за последните 2,5 месеци добија повисоки плати, благодарение на мерката за субвенционирање на придонеси за покачување на плати.

Мерката за субвенционирање на придонесите за зголемување на платите од 600 до 6.000 денари дава одлични резултати и се очекува раст на бројот на вработени со повисоки плати“, рече Лидија Тасевска, пратеничка од СДСМ.

„За мерката, за која во буџетот се предвидени 39 милиони евра, досега аплицирале над 20 илјади компании.

Со субвенционирањето, освен што им се излегува во пресрет на вработените, кои добиваат повисока плата, им се излегува во пресрет и на работодавците за да задржат квалитетни кадри, а воедно се полни пензискиот фонд.

Продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат добро платени работни места и повисоки плати за работниците.

Инвестираме во човечкиот капитал, во граѓаните и создавање на подобри услови за живот и повеќе пари во семејните буџети“, изјави Лидија Тасевска, пратеничка од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Формирана „Коалиција за европска иднина“

Предраг Петровиќ

СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

Горан Наумовски

СДСМ: Платформа од минатиот век се нови лажни ветувања на ДПМНЕ по пример на Скопје

(ВИДЕО) СДСМ и Движењето Нова Република потпишаа меморандум за соработка во пресрет на изборите

Николоски: Дали СДС, Ковачевски и Пендаровски го плаќаат консултантот Еисин со пари од кешот што го извлекувале од тендерите со РЕК