(ВИДЕО) Сугарески: Работодавците и компаниите да не бидат загрижени, не се очекуваат проблеми во исплатата

Од:

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески не очекува никакви проблеми во делот на исплатата на средства кон компаниите.

Како што рече денеска на прес-конференција, тоа и досега не било случај.

-Работодавците и компаниите не треба воопшто да бидат загрижени, бидејќи во буџетот има доволно средства и преку кредитните линии, но се разбира и преку средства од буџетот. Не очекувам во ниеден случај заради средствата кој било проект да биде попречен од она што е согласно Планот за јавни набавки, рече Сугарески, одговарајќи на новинарски прашања откако информира за реализацијата на каиталните инвестиции.


Министерот нема информации дека се отпуштаат градежни работници.

– Знам дека фирмите работат на тоа, можеби некаде со понамалена, позабавена динамика заради целокупната ситуација, меѓутоа немам сознанија дека градежни работници се отпуштаат, истакна Сугарески.

Во однос на акцизата на горивата, потенцира дека зголемувањето за три денари е антикризна мерка, а не мерка за да им се направи дополнителен товар на граѓаните.

– Внесувањето на акцизата не е желба на некого, ниту пркос или надменост што сака Владата да ја покаже. Тоа е неопходност. Цената на нафтата во изминатиот период не се сеќавам да била на пониско ниво. Цената е 20 денари помала од декември, јануари, февруари и дел од од почетокот на март. Не може да стане збор за некаков голем потрес, зголемување. Ако ја гледаме акцизата дополнително како дел од горивото многу јасно е дека нема помала акциза никаде отколку тука. Собраните средства од оваа акциза ќе се користат за граѓаните, здравствените работници, за сите граѓани, за МВР, за сите што се вклучени во борбата со коронавирусот, истакна министерот.

Прашан каков е ставот на ресорното Министерството за најавата за протестот на транспортетите, Сугарески нагласи дека секој има демократско право да протестира и дека нивните барања може да ги достават до Владата.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска