(ВИДЕО) Сугарески: Нема кантонизација има канализација

Од:

Министерот за транспорт и врски, Сугарески денеска од програмската трибина “Агенда 20-24” посветена на темата инфраструктура, кажа дека “во изминатите години 100 милиони евра се фрлале на непродуктивни проекти, како што се спомениците во Скопје и ширум државата”.

Сугарески процентот на изградба на водовод и канализација во руралните средини го оцени како катастрофален и додаде дека минатата власт не ги задоволила елементарните потреби и права на граѓаните.

„Често кога одам на терен, кога ќе им кажеме дека овде ќе се гради и секогаш ги земам примерите на Визбегово и Арачиново, луѓето едноставно не веруваа, зошто долги години ги лажеле.

Само им ветувале, а ништо не се случувало. И овие два примера се еклатантни во делот што значи задоволување на потребите на граѓаните, меѓутоа и во делот на компаниите.

Имаме индустриска зона во Визбегово, каде сега завршуваме до крајот на месецот водовод, почната е веќе канализацијата во Арачиново каде што има посебна симболика и често беше користена терминологијата „не кантонизација туку на граѓаните им треба канализација”, рече Сугаревски.

„Кредитот од Светска банка 70 милиони евра, одобрен од Собранието, е како државата преку Mинистерството за транспорт и врски и преку Владата, да им помогне на општините.

Покрај основните буџети коишто ги имаат дополнително тука влегуваме ние да помогнеме во изградба и реконструкција на улици и патишта. 70 милиони евра за проект којшто треба да биде реализиран во рок од 4 години.

Задоволен сум бидејќи веќе има 256 проекти стигнати во министерството. Оние коишто се најподготвени пуштени се во Светска банка на одобрување, така што очекуваме од мај, јуни месец да се почне со изведба и реализација”, информираше Сугарески.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска