ВИДЕО: Склучени 318 договори за државно земјоделско земјиште до три хектари

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска на прес-конференција соопшти дека почнува склучувањето на договорите за јавниот повик за доставување понуди за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до три хектари. Вкупно на овој повик ќе се склучат 318 договори, односно над 600 хектари државно земјоделско земјиште во различни региони во државата.

– За разлика од огласите преку кои Министерството ги објавува расположливите слободни парцели, со овој повик им овозможивме на земјоделците во претходниот период доколку самите имаат информации каде има слободно неоптоварено земјоделско земјиште самоиницијативно да пројават интерес преку изработка на геодетски елаборат и прибирање на сите потребни документации пропишани со јавниот повик, рече Николовски.

Додаде дека имало огромен интерес и оти ова е најголемата бројка на склучени договори.

Доставенит епонуди се однесуват на земјоделско земјиште во државна сопственост во 33 региони низ државата. Овој јавен повик, како што рече, се однесуваше на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до три хектари, од четврта до осма катастарска класа, односно парцели кои се со понизок квалитет, но сепак може да се искористат за земјоделско производство.

– На овој начин како што рече создаваме поволни услови сите земјоделци кои вќе се занимаваат со земјоделство, оние кои сакаат да го прошират своето производство или сакаат да почнат нов бизнис да дојдат до земјоделско земјиште. Истовремено преку ваквиот тип на повици директно ќе влијаеме и на зголемување на обработливите земјоделски површини, рече Николовски.

Земјиштето за кое денеска се склучија договори, може да се искористи за подигнување долгогодишни насади, оранжерии, долгогодишни насади со лешник, маслинарници и други земјоделски култури за период до 15 години, ливади исто за период до 15 години, за брзорастечки дрвја за рибници и за спортско рекреативни активности и рурален туризам.

Според Николовски, овој повик е само еден мал дел од целокупната стратегија за ставање во функција на целокупното земјиште за што МЗШВ, како што рече, разви и реализира посебна Страгегија со голем број активности.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата