(ВИДЕО) Шкријељ: Реализиравме уште едно големо ветување, минималната плата ја зголемуваме на 18.000 денари

Од:

Пратеничката на СДСМ, Санела Шкријељ, вели дека Собранието денеска го изгласа Законот за минимална плата, со кој се обезбедува 80.000 работници веќе од први април да добиваат минимална плата од најмалку 18.000 денари.

„Ова законско решение е резултат на конструктивен и транспарентен социјален дијалог меѓу Владата, синдикатот и работодавачите.

Успеавме и во време на економска и енергетска криза да ја зголемиме минималната плата и да обезбедиме повисок животен стандард за нашите граѓани.

Грижата за работниците е наш врвен приоритет бидејќи тие се наша најголема вредност.

Затоа за само четири и пол години успеавме двојно да ја зголемиме минималната плата, којашто во 2017 година изнесуваше само 8.800 денари.

Растот на минималната плата ќе доведе до раст и на останатите плати во сите сектори.

Го поздравувам потегот на пратениците од опозицијата кои го поддржаа ова законско решение и ги повикувам да ги поддржат и Предлог-измените во Законот за наставници и стручни соработници кој овозможува повисока плата за уште 27.000 наши граѓани“, рече Шкријељ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема промена во ДПМНЕ, над 80 отсто од листите се истите пратеници кои спроведуваа активни блокади

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Формирана „Коалиција за европска иднина“

Предраг Петровиќ