(ВИДЕО) Шкријељ: Грижа за пензионерите во време на криза, 10% покачени пензии само оваа година

Од:

„Владата и парламентарното мнозинство на СДСМ се грижи за пензионерите, и во време на најголемата светска криза продолжува покажувањето на пензиите. Само оваа година пензиите за сите 330.000 пензионери СДСМ ги покачи за вкупно 10 отсто“, рече Санела Шкријељ, пратеничка.

„Со исклуизивен пристап, низ дијалог, заедно со пензионерите ја утврдивме новата методологијата на усогласување на пензиите. Сега пензиите, системски, без политички влијанија и паушални одлуки, се покачуваат два пати годишно, врз основа на порастот на трошоците за живот и растот на просечната плата.

Според новата методологија пензиите годинава ги покачивме за 2,9 отсто во месец март, а сега, во септември следуваше уште поголемо покачување од 6,8 проценти.

Само со последното покачување од 6,8 отсто, обезбедивме дополнителни 1.200 денари месечно за пензионерите кои примаат просечна пензија.

Наша должност е да обезбедиме пристојна старост и поддршка на сите пензионери, особено во време на криза.

Веќе во март идната година следува ново усогласување на пензиите. Според проценките тоа ќе изнесува околу 6 проценти, што значи дека пензиите за само 12 месеци ќе пораснат за 16 отсто.

Благодарение на одговорните политики на СДСМ денес пензискиот фонд е стабилен, пензиите растат и се исплаќаат и предвреме“, изјави Санела Шкријељ, пратеничка.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија

Горан Наумовски

СДСМ: Нема промена во ДПМНЕ, над 80 отсто од листите се истите пратеници кои спроведуваа активни блокади

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Формирана „Коалиција за европска иднина“

Предраг Петровиќ

СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

Горан Наумовски

СДСМ: Платформа од минатиот век се нови лажни ветувања на ДПМНЕ по пример на Скопје