(ВИДЕО) СДСМ: Власта ги сотре фирмите, им бара и резервна каса, трошок до 1000 евра

Од:

„Како да беше малку трошокот од 500 евра врз фирмите за нови каси. Фирмите што едвај преживуваат, уште не ја исполниле оваа законска обврска, а за два месеца ги чека ново изненадување.

Сите фирми треба да имаат по 2 ГПРС каси! Втората е задолжителна резервна. Ова не е шега. Ова го предвидува член 13 од Законот за регистрирање готовински промет“, изјави на денешната прес-конференција пратеникот, Јован Митрески.

„Трошоците на над 80 илјади фирми, за каси се удвоени, до 1000 евра по субјект!

Нема објаснување од власта за оправданоста за овој последен скап потег што ги тресе испразните каси на стопанството.

На пример, колку често фискалните каси се расипуваат? Колкав е нивниот број?

Која е гаранцијата дека резервната каса ќе даде ефект?

Одговори на овие прашања нема. Она што е јасно е дека овој “ГПРС бизнис“ во касите на неколку фирми што го добија тендерот за модернизација на фиксализацијата во земјава нема да однесе до 40 милиони евра како што мислевме. Ќе однесе двојно повеќе – до 80 милиони евра!

Колку е сериозна власта во ова што им го прави на фирмите, говори член 21, од истиот Закон за регистрирање готовински промет. Секоја фирма што нема да има две ГПРС каси ќе плати казна од 2.800 евра!

Се покажа неточно тврдењето на власта дека трошокот за касите нема да падне врз фирмите, што користеле даночен кредит.

Прво, и тие фирми во најголем дел, според Законот за данок од добивка, ќе си ги платат касите. А второ, најголем дел од претпријатијата се мали дуќанчиња со по еден вработен, што не користат даночен кредит. Тие и сега едвај преживуваат под ударите на казнената политика на власта.  Сега треба да го издржат фискалниот удар.

СДСМ бара новите ГПРС каси да бидат бесплатни посебно за малите фирми. Бараме власта веднаш да престане со пресијата врз фирмите што води кон клучеви на врата“, рече пратеникот, Јован Митрески.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Битиќи: Над 75 отсто од граѓаните се за членство во ЕУ, власта да каже која е алтернативата

Горан Наумовски

СДСМ: Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ВИДЕО) Филипче: Раздвојувањето на Албанија и Македонија е катастрофа за иднината на граѓаните

Горан Наумовски