ВИДЕО: Пуштен е во употреба 110 кV далекувод „ТС Штип-ТС Овче поле“

Од:

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и генералниот директор на АД МЕПСО, денеска во Штип го пуштија во употреба новиот 110 kV далекувод кој ги поврзува трансформаторските станици Штип и Овче поле. На постојната траса на 110 кV далекувод кој датира од 1960 година, изграден е нов линиски електроенергетски објект, 55 армирано-бетонски столбови се заменети со челично решеткасти а старата опрема е целосно заменета со нови проводници, заштитно јаже и изолатори.

– Ја продолжуваме нашата посветена работа за реализација на ветените проекти и инвестиции во енергетската инфраструктура, затоа што нова и модернизирана преносна мрежа значи зголемен капацитет и доверливост на мрежата во источниот регион на државата, значи инвестирање во подобар животен стандард и развој на економијата, рече во оваа прилика генералниот директор на АД МЕПСО Орхан Муртезани.

Потенцирајќи ја важноста на ваквите проекти во создавањето погоден инфраструктурен амбиент за инвеститорите министерот за транспорт и врски Благој Бочварски рече:

„Инвестициите во преносната мрежа од ваков тип, значат спроведување на стратешките цели за транзиција на производството на електрична енергија од јаглен кон обновливи извори на енергија. Токму на овој далековод ќе се приклучи ВЕЦ “Богословец” со инсталирана моќност од 36 MW. Ова е уште еден пример како во услови на енергетска, здравствена и светска криза, преку подобрување на електроепреносната инфраструктура, ги подобруваме условите за водење на бизнис во земјата“.

Инвестицијата за изградбата на овој капитален инфраструктурен проект изнесува 1,41 милиони евра, во него АД МЕПСО вложи сопствени средства и истиот е поддржан со средства од заем на ЕБОР. Изведувач на работите за изградба на далекуводот беше конзорциум на компаниите Кодар Енергомонтажа и Електроисток Изградња од Р. Србија, а надзорот го вршеше домашната компанија “ Столб” од Битола.

Овој далекувод е дел од проектот за ревитализација на преносната мрежа на АД МЕПСО што опфаќа реконструкција/изградба на вкупно шест 110 кV далекуводи, од кои два се во целост завршени и пуштени во работа, а другите се во одредени фази од реализацијата. Со овој инвестициски циклус ќе бидат изградени над 130 километри далекуводи и ќе се инвестираат над 15,7 милиони евра, дел од кредитната линија на ЕБОР и дел средства на АД МЕПСО.

Би можело да ве интересира

Повторно активна веб страницата на МЕПСО по кибер нападот

Бочварски: Со домашна и меѓународна поддршка се работи на надминување на проблемот со сајбер нападот во АД МЕПСО

МЕПСО: Се соочуваме со кибер напад, не се загрозени мрежата и снабдувањето со струја

Горан Наумовски

МЕПСО и Регулаторна потпишаа меморандум за спојување на пазарите на струја со Косово, Албанија и Грција

Орце Костов

Ковачевски: Ако Грците сакаат да купат дел во МЕПСО, ние сакаме да купиме дел од солунското пристаниште

Катерина Ѓуровски

Птица направи испад во РЕК Битола

Катерина Ѓуровски