ВИДЕО: Потпишан договор за изградба на фотонапонската електрана Осломеј

Од:

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, и министерот за економија, Крешник Бектеши, присуствуваа на потпишувањето на договорот за изградба на фотоволтаичната електрана „Осломеј“ со инсталирана моќност од 10 мегавати. На тендерот беше избрана компанијата „Гиришим електрик“ од Турција.

Анѓушев, обраќајќи се на настанот, потенцира дека ова е почеток и еден добар пример на енергетска транзиција, односно пренамена на производни капацитети на електрична енергија од фосилни горива, кои се на крајот на својот животен век, во енергетски капацитет кој произведува електрична енергија од обновлиив извори, поконкретно во овој случај, изградба на фотоволтаична централа.

Министерот Бектеши истакна дека во изминатите две години е создадена сосема нова енергетската политика во Северна Македонија.

„Термоелектраната ‘Осломеј’ не работеше со години и сега ние токму во полето каде што се експлоатира јагленот, почнуваме со инвестиции што ќе бидат не само во интерес на енергетскиот сектор на нашата држава туку ќе бидат и во интерес на сите граѓани што живеат во општина Кичево и околината. Од еден загадувачки капацитет преку АД ЕСМ, државата сега гради капацитети што ќе произведува чиста енергија. Капацитети кои се современи со најнова технологија и ние како Министерство за економија токму во таа насока ќе работиме и понатаму. И задоволство ми е да кажам дека следната есен ќе имаме нов капацитет кој обезбедува енергија за 2.000 домаќинства во Кичево“, нагласи министерот Бектеши.

Директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, информира дека на меѓународниот тендер се пријавиле 17 компании кои покажале интерес да го градат објектот. На крајот, според сите параметри што биле пропишани во јавната набавка, и комерцијалните и техничките, се покажало дека најдобриот понудувач е компанијата „Гиришим електрик“ од Турција, која и беше избрана и со која е потпишан договор за градба.

„Од овој момент натаму економскиот оператор кој е избран ги презема работите и сите обврски за проектот и ние очекуваме во согласност со договорот електраната да биде готова за 10 месеци и да почне да ги произведува првите киловати електрична енергија од сонце наесен 2020 година. Сакам да упатам благодарност и до Европската банка за обнова и развој, со чија помош го спроведуваме проектот, односно од вкупната сума од 6,9 милиони евра, 5,9 милиони евра се заем земен од ЕБРД, а 1 милион евра се наши средства, односно средства на АД ЕСМ“, рече Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Турската „Fortis Energy“ која гради фотоволтаици во Осломеј, планира нови 40 МW инвестиција

Орце Костов

Три лица загинаа во нападот на електраната во Киев

(ВИДЕО) Ковачевски: Со фотонапонската електрана „Осломеј“ до енергетска независност преку обновливи извори на енергија

Ана Ололовска

ТЕЦ Осломеј ќе почне со работа како што е предвидено, изјави Битиќи

А1он

Влада: Одобрено е финансирањето на фотоволтаичните електрани Осломеј и Битола преку ЕБОР

А1он

Термоелектраната Осломеј ќе работи со зголемен интензитет во претстојната грејна сезона

А1он