ВИДЕО: Поранешни директори го оштетиле МЕПСО за 690 илјади евра

Од:

Поднесени се кривични пријави против поранешниот генерален директор на АД МЕПСО, Ненад Јовановски, директорот за финансиско работење и директорот за управување со пазарот на електрична енергија, кои се осомничени од страна на финансиската полиција. Тие се осомничени дека направиле злоупотреба на службената должност затоа што навреме не доставувале фактури до правното лице „ЕНГ сервис траде“ ДОО Скопје. Според Управата за финансиска полиција, тие не презеле никакви дејства за наплата на побарување за испорачаната електрична енергија. Поради овие дејства на тројцата директори, АД МЕПСО има штета од речиси 690 илјади евра.

„Лицето К. А. како поранешен директор за управување со пазарот на електрична енергија и член на Управниот одбор со неизвршување на својата службена должност ја одолжувало целокупната постапка и не презело никакви дејства за наплата на побарувањето. Ова лице, кое е потписник и на договорот со фирмата, не му доставило ниту опомена за неизвршување на обврската за плаќање и обезбедување дополнителна финансиска гаранција, а од негова страна немало ниту одлука за суспензија на ова правно лице. Тој потоа донел и одлука за одложено плаќање, што е спротивно на законот бидејќи таква одредба не постои“, велат од финансиската полиција.

Второпријавениот С. В., тогашен директор за финансиски работи во дирекцијата, не го информирал Управниот одбор на МЕПСО за побарувањето што друштвото го имало од фирмата „ЕНГ сервис траде“, ниту навреме ги известил другите сектори, иако тоа било негова службена должност. Фактурите што биле достасани се од 2016 и 2017 година. Финансиската полиција го товари и поранешнот директор на МЕПСО, Ненад Јовановски, бидејќи, како што велат, тој не наложил да се иницира постапка за наплата на долгот.

„Поранешниот директор Ненад Јовановски не наложил да се донесе ниту одлука за одредување на висината на зголемена финансиска гаранција во согласност со член 10 од договорот за балансна одговорност ниту да се достави опомена за неизвршување на обврската за плаќање до должникот“, додаваат од финансиската полиција.

Во периодот од ноември 2016 година до август 2017 година првопријавениот К. А., второпријавениот С. В. и третопријавениот Никола Јовановски како генерален директор на АД МЕПСО со неизвршување на својата службена должност на акционерското друштво му нанеле штета од 42.408.965 денари.

К. Ландов

Би можело да ве интересира

Повторно активна веб страницата на МЕПСО по кибер нападот

Бочварски: Со домашна и меѓународна поддршка се работи на надминување на проблемот со сајбер нападот во АД МЕПСО

МЕПСО: Се соочуваме со кибер напад, не се загрозени мрежата и снабдувањето со струја

Горан Наумовски

Томовска: Во координација со финансиската полиција ќе одлучиме дали инспекцискиот надзор во М-НАВ ќе се прошири

Управата за финансиска полиција врши проверки во М-НАВ

Горан Наумовски

Арсовска игра шах со Дедо Мраз додека ги чека резултатите од истрагата на Финансиска за украсувањето

Орце Костов