(ВИДЕО) Петров: Започна аплицирањето за мерката 14.500 денари за исплата на плати за мај, за април ја искористиле 19.350 компании

Од:

„Од вчера до 7 јуни сите работодавачи погодени од кризата со корона вирусот може да поднесуваат барања за финансиска поддршка од 14.500 денари за исплата на плати за мај.

Условите за користење на оваа финансиска поддршка се исти како и за претходнитот месец, односно:

· Намалени приходи од над 30% во април и мај споредбено со просекот од месеците во 2019та година.

· Да не се исплаќа дивиденда или бонуси за време на користење на мерката.

· Да нема над 120.000 денари нето плата на над 10% од вработените.

Мерката е достапна за сите вработени кои имаат нето плата до 39.900 денари и за сите управители и сопственици со нето плата до 39.900 денари“, рече Коста Петров, потпретседател на СДСМ.

„Мерката може да ја користите и за вработените кои веќе ја користат мерката за субвенционирање на придонесите за покачување на платите. Мерката не може да ја користите за вработени кои користат ослободување од придонеси од проектот “Македонија вработува 1 и 2” и вработени за кои ќе се користи антикризната мерка за 50% субвенции на придонеси.

Би сакал уште еднаш да напоменам, нашите сограѓани од најпогодените сектори од кризата како угостителството, туризмот и транспортот покрај 14.500 по вработен, може да аплицираат и за субвенционирање на 50% од придонесите за месец мај.

Фирмите кои ќе ја користат мерката помош од 14.500 по вработен, дури и да покажат добивка за 2020 година, нема да треба да ја вратат помошта што ја добиле од Владата ако истата сума на пари ја инвестираат во развој на сопствената фирма во текот на 2021 година.

Во месецот што измина Управата за јавни приходи прими, провери и обработи вкупно 23 861 барања за финансиска поддршка за исплата на плата на повеќе од 120 илјади вработени. Мал број на барања се сеуште во постапка на проверување и обработување.

Инаку, мерката за финансиска поддршка за исплата на плати за месец април ја искористиле 19 350 компании за 127 426 вработени лица од кои:

· 42 компании кои имаат над 250 вработени (за 26 680 вработени)

· 300 компании се со број на вработни од 51 до 250 (за 27,635 вработени)

· 19.008 се компании со број на вработени од 1 до 50 (за 73111 вработени)

Комбинација на мерката финансиска поддршка за исплата на плата и мерката субвенционирање на 50% од придонесите од задолжително осигурување ја искористиле 1427 компании со 10.668 вработени , од кои 516 од дејноста транспорт, 724 од угостителство и 187 од туризам);

· 3 компании со над 250 вработени (за 478 вработени)

· 24 компании се со вработени од 51 до 250 (1 984 вработени)

· 1400 компании со број на вработени од 1 до 50 (8 206 вработени)

Мерката финансиска поддршка на физичко лице кое врши самостојна дејност е искористена од страна на 5.187 самовработени лица. По оваа мерка на физичите лица кои вршат самостојна дејност одобрен им е и исплатен вкупен износ од 75.211.500 денари.

Аплеирам до сите компании и работодавачи да аплицираат за оваа мерка најкасно до 7-ми јуни. Заедно сме во оваа криза и заедно ќе се соочуваме и бориме против сите предизвици. Од оваа криза, ќе излеземе и посилни и похрабри“, изјави Коста Петров, потпретседател на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николовски: На 15 јули одлучуваме дали ќе одиме напред или ќе се враќаме назад

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев: Не молчете, кога е ваш ред да зборувате – на 15 јули излезете и гласајте за да продолжиме напред

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Николовски од Штип: Бараме поддршка од текстилците, за да обезбедиме минимална плата од 20.000 денари и недела неработен ден за сите

Ана Ололовска

СДСМ: Со Михајло Маневски ВМРО-ДПМНЕ може да го обнови само „Сваровски“ судството

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шахпаска: НАТО е реализирана стратешка цел, следната е ЕУ, со признат и загарантиран македонски идентитет и македонски јазик

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шеќеринска за снимката со Николоски за Усеини: Ги користеле дивоградбите за да се пазарат пред избори

Ландов