(ВИДЕО) Петров: Платежна картичка од 150 евра за 100.000 лица за поттикнување на домашната потрошувачка

Од:

„Третиот пакет на економски мерки од вредност од 355 милиони евра, подготвен од економскиот совет на СДСМ, опфаќа 730,000 корисници. Овој пакет ќе ја трансформира нашата економија и ќе ја направи поконкуретна. Со овој пакет ја зголемуваме приватната потрошувачка, стимулираме раст но и промоција и заштита на домашните производи и услуги. Преку овој пакет, ги заштитуваме работните места на нашите сограѓани и креираме нови работни места.

Никој не е заборавен. Овој пакет ги опфаќа сите невработени лица, социјално ранливите категории, младите, домаќинствата со ниски примања и медицинските лица. Овој пакет ги опфаќа и сите сектори погодени од кризата, домашнитекомпании, извознитекомпании, услужнатадејност, земјоделството и туризмот“, рече Коста Петров, потпретседател на СДСМ.

„Третиот сет на мерки вклучува платежна картичка од 150 евра за македонски производи и услуги за околу 100,000 граѓани.

Оваа картичка ќе ја добијат сите невработени лица, баратели на работа кои немаат над 15,000 месечни приходи според УЈП, како и примателите на гаранатирана минимална помош.

Оваа мерка ќе се реализира во месеците јуни и јули а картичката ќе биде достапна преку комерцијалните банки ширум земјата. Се работи за посебна дебитна картичка, која ќе може да си ја подигнете од банката со која соработувате, или од банка по ваш сопствен избор, а со неа, во период од 30 дена ќе можат да се купуваат домашни производи и услуги, но и да се плаќаат тековни сметки. Оваа картичка ќе можат да ја добијат и лицата кои имаат блокирани сметки, бидејќи се работи за посебна сметка.

Со третиот сет на мерки, со 16 милиони евра, го поддржуваме и македонскиот туризам и туристички сектор.

Сите вработени граѓани што примаат плата помала од 15,000 нето месечно и немаат други приходи според УЈП, ќе добијат ваучер за домашен туризам од 100 евра и платежна картичка од 50 евра.

Овој ваучер ќе има посебен код за секој индивидуален корисник а ќе може да се користи за сите хотели и легално пријавени сместувачки капацитети ширум земјата, во текот на летните месеци.

Платежната картичка од 50 евра е наменета за купување на домашни производи и услуги.

Се грижиме и за младите.

Третиот сет на мерки вклучува и поддршка од 9 милиони евра за 100,000 млади, студенти и средношколци.

Меркатаопфаќаваучериоднајмногу 100 евразапокривањенапартиципацијавоУниверзитеткако и сместувањевостудентски, ученичкидомови и регистриранисместувачкикапацитетизастуденти и средношколци.

Меркатавклучува и платежнакартичказамлади, вовредностод 50 евразадомашнипроизводи и услуги.

Со 3 милиони евра, ги поддржуваме младите да стекнат нови знаења кои ќе им овозможат брзо вработување во новата развојна економија.

Оваа мерка ќе опфати од 7,000 до 10,000 млади до 29 години, кои ќе посетуваат академии во земјава за дигитални и ИТ вештини.

Третиот пакет вклучува и викенд без ДДВ за сите граѓани. Овој викенд е планиран за крајот на месец август. Во текој на тој викенд, сите граѓани, регистрирани корисници на е-пдд, ќе можат да купуваат поевтини продукти во одреденипродажнисектори, какоштосепродавницитезагардероба, белатехника, мебел, санитарија, школскиприбор и книги.

Почитувани граѓани, дозволете да ве информирам и околу реализацијата на бескаматните кредити КОВИД 1, КОВИД 2 и финансиската поддршка од 14,500 денари.

За бескаматна кредитна линија КОВИД 1, веќе се исплатени над 3,5 милиони евра, односно 64% од одобрените средства од оваа бескаматна кредитна линија. Започната е реализацијата и на КОВИД 2, и веќе имаме 26 одобрени фирми со 340,000 евра.

За финансиската поддршка од 14,500 денари, досега се обработени вкупно 17,813 барања за 110 325 вработени а финансиската поддршка досега изнесува 1,545,193,018 денари.

Почитувани граѓани, заедно ќе ја пребордиме оваа глобална криза. Економскиот совет на СДСМ веќе почна да работи и на четвриот сет на економски мерки, кој се очекува да биде претставен на почетокот не септември. Од оваа криза сите ќе излеземе, и похрабри, и посилни“, изјави Коста Петров, потпретседател на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

(ВИДЕО) Кузеска: Ги очекуваме резултатите, уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Александар Тодески

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов