Горд сум што бев дел од министерството за земјоделство во период кога се донесоа клучни промени и земјоделците без разлика на партиска припадност, неселективно сите ги добиваа субвенциите навремено, истакна генералниот секретар Николовски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со исплатата на субвенциите на земјоделците во иднина, при неговата посета во Прилеп и прилепскиот регион.
Тој истакна дека законите и календарот на исплата строго се почитуваат и земјоделците може да очекуваат исплата на субвенциите за нивните производи.
Во делот на тутунопроизводството, оваа година можеме да очекуваме рекордна исплата на субвенциите од 32.5 милиони евра, а ако споредиме со исплатата од пред три години од 25 милиони евра ќе видиме значителна разлика. –посочи Николовски.