(ВИДЕО) Николовски: Ранковце ќе добие современ систем за наводнување

Од:

Во месец мај ќе биде објавен тендерот за изградба на хидросистемот во Славишко Поле, со кој општина Ранковце ќе добие современ еколошки систем за наводнување, изјави на денешната средба со жителите и земјоделците од Општина Pанковце министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Станува збор за еден од вкупно осумте мали системи за наводнување на неколку локации во државата кои се дел од проектот финансиран од Европска унија „Мали нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување“.

–Ова е еден меѓу првите системи од проектот на ЕУ, кој шт го реализира Министерството за земјоделство, шумарство и воодостопанство. Досегашниот систем за наводнување во Ранковце покрива околу 40 хектари, а со овој проект општината ќе добие модерен систем за наводнување и ќе се наводнуваат над 300 хектари. Лани одржавме повеќе средби со земјоделците и жителите, направивме анализи и токму овие анализи покажаа многу позитивни резултати и во делот на заинтересираноста и во делот на ефектите кои би се постигнале со овој систем во однос на зголемување на приносите и промените на соодветни култури со кои се занимаваат земјоделците. Со реализацијата на овој систем се создава можност да се одгледуваат и долгогодишни култури во овој познат земјоделски регион, изјави Николовски.

Минатата година е изработена физибилити студијата за хидросистемот во Славишко Поле, а вредноста на инвестицијата е еден милион евра, пари обезбедени преку ИПА програмата на ЕУ. Рокот за изградба на системот за наводнување е една година.

-Покрај системот во Ранковце, во првата фаза ќе се градат уште два система од вкупно осумте, а вредноста на трите системи изнесува околу 2,7 милиони евра, од кои наjголема е инвестицијата во Славишкото Поле, додаде Николовски.

Делегацијата на Европската унија ќе го објави тендерот за избор на изведувач на градежните работи и тендерот за надзор на градба на системот „Славишко Поле“ во мај.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп

МЗШВ: Земјоделците од Свети Николе со силна поддршка на решението за продолжување на договорите што го понудивме