(ВИДЕО) Николовски: Целосно се исплаќаат долговите на Повардарие и винариите на над 2600 лозари

Од:

„Изминатите две и пол години земјоделците добија вистинска грижа од државата и од Владата водена од СДСМ.

Особен акцент ставивме на лозарството, како една од најважните и најстратешки земјоделски гранки.

Минатата година исправивме долгогодишна неправда кон лозарите. Исплативме над 1,2 милиони евра кон повеќе од 2000 лозари за долговите од Повардарие и други регистрирани откупувачи за нивното предадено но неплатено грозје“, рече Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

„Следува исплата на долгови кон дополнителни 680 лозари, со што ја исправаме целокупната неправда. Со ова, целосно се исплаќаат лозарите и се решава овој горлив проблем во тиквешијата.

Овие средства се приход плус кој лозарите кој можат да го искористат за нови инвестиции во лозовите насади.

Над 1 милион евра се исплатија на 6.240 лозари и како дополнителната субвенција
од 1 денар за килограм предадено грозје во регистрираните винарски визби последната година.

Донесовме и измени на Законот за вино, со што се реализира барањето на лозарите да си регистрираат мали, семејни односно бутик винарии. Со новите измени во правилниците и подзаконските акти, малите винарии ќе можат да развиваат сопствени брендови и да го понудат својот квалитет на отворениот пазар.

За последните два повика за давање во закуп на државно земјоделско земјиште со постоечки насад, во подрачната единица на Министерството во Кавадарци се издадени над 520 потврди на земјоделци.

Тоа значи дека тие ќе аплицираат за вкупна површина од над 550 хектари, за кој што ќе склучат договори, ќе добијат субвенции и ќе може да аплицираат за мерките од ИПАРД2 програмата.

Во изминативе две и пол години се што презедовме како чекори, како мерки и политики е во интерес на лозарите, на земјоделците.

Продолжуваме и понатаму да градиме партнерски однос со земјоделците и да креираме политики кои што ќе го унапредуваат секторот. Така се работи за сопствената земја“, изјави Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Би можело да ве интересира

Започна изградбата на системот за наводнување Колибари вреден 110 милиони денари

Ана Ололовска

Бизнис план во земјоделството – нова, подобра можност за модернизација на производството

Ана Ололовска

Трипуновски до Николовски: Додека ти шеташ на државна сметка, над 800 сточари не можат да ги земат субвенциите заради правни нелогичности

Ана Ололовска

Николовски: Има доволно средства за дополнителна поддршка на земјоделците и сточарите

Горан Наумовски

Нова мерка за поддршка на откупувачите и преработувачи на бел ориз за поголем извоз и нови пазари

Ана Ололовска

МЗШВ: Исплатени 214,7 милиони денари субвенции за производителите на градинарски култури до близу 11.000 корисници

Ана Ололовска