(ВИДЕО) Николовска: Три години MојДДВ, вративме 68 милиони евра назад кај граѓаните

Од:

„Мерката Мој ДДВ е една од најуспешните мерки од концептот Парите назад кај граѓаните што го реализира Владата предводена од СДСМ. За три години преку оваа мерка кај граѓаните се вратени 4,2 милијарди денари или околу 68,3 милиони евра, односно над 22 милиони евра кај граѓаните секоја година“, рече Фаница Николовска, пратеничка на СДСМ.

„За успешноста на овој проект кој освен повеќе пари кај граѓаните, ја јакне и даночната дисциплина говори и фактот дека денес има регистрирано над 460.000 корисници и овој број постојано расте.

Она што е важно да се истакне е дека наскоро ќе започне процес на законски измени со кој тримеселниот лимит од 1.800 денари, ќе се зголеми на 2.100 денари, што значи дека еден корисник за една година може да добие максимален поврат од 8.400 денари, наместо досегашните 7.200 денари.

Мерката Мој ДДВ е првиот проект со кој државата враќа пари директно на трансакциските сметки на граѓаните и пример за проект кој функционира беспрекорно.

СДСМ како одговорна партија продолжува со реализација на мерки и политики кои обезбедуваат повеќе пари во секое семејство.

Гриажата за граѓаните и нивниот економски станадард останува врвен приоритет за Владата и институциите предводени од СДСМ“, изјави Фаница Николовска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Понудата на ДПМНЕ е понуда за блокада на ЕУ, над 80% од листите се истите пратеници

СДСМ: Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија

Горан Наумовски

СДСМ: Нема промена во ДПМНЕ, над 80 отсто од листите се истите пратеници кои спроведуваа активни блокади

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Формирана „Коалиција за европска иднина“

Предраг Петровиќ

СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

Горан Наумовски