(ВИДЕО) Николов: МЕПСО тоне во долгови, ама за авио билети има пари

Од:

„Во сето безредие и хаос со енергетската криза во која што СДСМ ја втурна Македонија, менаџментот на МЕПСО во август решил да патува и потпишал договор за набавка на авионски билети за европски и далечни дестинации во износ од 125.000 евра, за што сведочат документите до кои дојде ВМРО-ДПМНЕ“, рече Горан Николов, член на комисија на ВМРО-ДПМНЕ за енергетика.

„Во август се потпишува договор за авио билети, кога е јасно дека криза галопира во Македонија. Се троши на авио билети иако 2020-та година во МЕПСО се акумулирани загуби од 6 милиони евра. За да биде појасно, преносот на електрична енергија е регулирана дејност. Тоа значи дека ако компанијата се менаџира домаќински, не смее и не може да има загуби.

Ова покажува само едно, дека во МЕПСО, компанија каде со години владее превработеност, непотизам и нестручност, не им е важно што народот едвај врзува крај со крај, не им е важно што во секој момент се очекува зголемување на цената на струјата! Најважно од сé е вработените на МЕПСО да може да патуваат. И тоа на грбот на македонскиот граѓанин.

Луѓето бараат алтернативи, уплашени пред информациите за цената на струјата и пред мерките што ги опфаќа кризната состојба во енергетиката. Наголемо се купува огревно дрво, забележана е поголема побарувачка за плински уреди, а во МЕПСО купуваат авио билети!

Ова не може да помине неказнето. Одговорност мора да има!“, изјави Горан Николов, член на комисија на ВМРО-ДПМНЕ за енергетика.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски